Торборг Рапе
Рагнилд Торборг Рапе (4 октомври 1832 – 18 септември 1902) - шведски педагог и бароница. Заедно со Емануела Карлбек, таа се смета за пионер во образованието на студенти со интелектуална попреченост во Шведска.[1]
Торборг Рапе | |
---|---|
Роден(а) | 1832 |
Починал(а) | 1902 |
Занимање | едукатор |
Познат(а) по | пионер во едукација на ученици со интелектуална попреченост |
Живот
уредиТорборг Рапе е ќерка на благородниот дворјанин Фредрик Рапе и Шарлот Даниелсон и била роднина на Еми Рапе, пионер на медицинското образование во Шведска. Таа била порасната во палатата на нејзините родители и се омажила за нејзиниот братучед барон Карл Август Рапе (1828–77) во 1854 година. До 1868 година живеела на палатата на нејзиниот сопруг, но по големиот глад од 1867-69 година, нејзиниот сопруг бил уништен и морал да го продаде неговиот имот и да работи како државен службеник. Откако останала вдовица во 1877 година, се преселила во Стокхолм.
Од 1878 до 1891, таа била директор на училиштето за деца со интелектуална попреченост во Стокхолм, а од 1891 до нејзината смрт менаџер во домот за жени со интелектуална попреченост.
Таа била автор на првата шведска книга за образование на деца со интелектуална попреченост, која станала влијателна и долго време се користела во Шведска.
Во 1893 година, таа била исто така шведска претставничка на женскиот конгрес во Чикаго.
Избрани дела
уреди- Några råd och anvisningar vid sinnesslöa barns (idioters) vård. Uppfostran och undervisning (1903, in German 1904)
- Arbetshemmet för qvinliga idioter. Utkast (1892)
- En studieresa. Berättelse (1888)
Поврзано
уредиКористена литература
уреди- ↑ Nordisk familjebok. (1876-1926)
- Nordisk familjebok (1876-1926)
- Rappe, släkt, urn:sbl:7545, Svenskt biografiskt lexikon (art av Göran Nilzén), hämtad 2015-03-10.
- Dagny, Nr 3., 1902
- Idun Nr. 25, 1892