Дарија Софија Елизабет Лиса Аскан (родена на 28 февруари 1978 година) е шведска филмска режисерка и сценаристка.

Лиса Аскан
Аскан во 2011 година.
Роден(а)28 февруари 1978(1978-02-28)(46 г.)
Вејбистранд, Шведска
ЗанимањеРежисер, Сценарист
Познат(а) поApflickorna (Мајмунки), Det vita folket (Белите луѓе)

Детство

уреди

Аскан израснала на фарма во Вејбистранд. На дванаесет години се преселила во Гетеборг, а потоа студирала во интернат во Англија.[1] Потоа, студирала на Стокхолмската „Филмскола“ помеѓу 1989 и 1999 година и на Данската „Филмсколе“ од 2001 до 2005 година за да стане режисер.[2] За време на студиите, таа станала позната по рекламите „Fuck the Rapist!“ - голем број на комерцијални филмови за заштита од силување што прикажувале тампон формиран како шило.[3] Нејзините кратки филмови „Во транзит“ и „Збогум сина птицо“, направени во исто време, биле прикажани на различни филмски фестивали.[4][5]

Кариера

уреди

Во 2009 година, таа била режисерски асистент во „Драматен“ и ја режирала данската ТВ серија Теа и леопардот за детската секција на телевизијата ДР; серијата е емитувана и во Шведска и во неколку други земји. Во серијата, која е во три дела, се работи за девојка која се преправа дека е леопард.[6] Аскан изјавила дека сака да користи животински параболи (антропоморфизам) во своите продукции за да стане појасно за човековите модели на однесување.

Во 2011 година, таа го издала својот прв долгометражен филм „Apflicorna, чија премиера била на филмскиот фестивал во Гетеборг и ги освоила наградите „Змеј за најдобар нордиски филм“ и „FIPRESCI“.[7][8] Апфликорна (Мајмунки) е добитник и на наградата за најдобра наративна одлика на филмскиот фестивал „Трибека“ во 2011 година, за најдобра кинематографија на меѓународниот филмски фестивал „Трансилванија“, и добил специјална препорака на Берлинскиот филмски фестивал.[9] На доделувањето на наградите Гулдбаге во 2012 година, Аскан и Јозефин Адолфсон ја освоиле наградата за најдобро сценарио за филмот, додека филмот ги освоил и категориите за најдобар филм и најдобар звук.[10]

Во 2011 година, Аскан била наградена со новосоздадената стипендија за долгометражен филм на Стокхолмскиот фестивал од 5,000,000 шведски круни (околу €550,000, £480,000 или $770,000) за нејзиниот нов проект „Det vita folket“ (Белите Луѓе) - научно фантастична приказна за логори во кои што владата ги сместува странците кои чекаат депортација.[7][11] Аскан ги одбила парите бидејќи не чувствувала дека нејзиниот проект спаѓа во правилата на наградата. Аскан го опишала Белите луѓе како вселенски еп инспириран од филмот „Сјаење.[12][13] Филмот имал премиера во 2015 година.[14]

На доделувањето на Гулдбаген наградите во 2016 година, Аскан била снимена во публиката како и „дава среден прст“ и вели „Еби се“ на шведската кинематограферка Госта Реиланд.[15] Ова се случило откако Реиланд ја добила наградата за најдобра кинематографија и била на пат да се искачи на сцената за да ја добие наградата.[16] Во истата категорија била номинирана и Линда Васберг, која го снимила Белите луѓе, а Аскан ја нарекла својата реакција „спонтана“.[17]

Филмографија

уреди
  • Мина низ мислите (2003)
  • Еби го силувачот! (2004)
  • Во транзит (2006)
  • Збогум сина птицо (2007)
  • Теа и леопардот (2009)
  • Мајмунки (2011)
  • Белите луѓе (2015)[18]

Наводи

уреди
  1. „Lisa Aschan utforskar relationer“. Göteborgs-Posten (шведски). Посетено на 22 January 2016.
  2. „Lisa Aschan: "Provokation är helt ointressant". Svenska Dagbladet (шведски). 18 October 2015. Посетено на 22 January 2016.
  3. „Lisa Aschan går under jorden“. Helsingborgs Dagblad (шведски). Посетено на 22 January 2016.
  4. Domellöf-Wik, Maria (30 November 2015). „Lisa Aschan utforskar relationer“. Göteborgs-Posten (шведски). Посетено на 22 January 2016.
  5. „She Monkeys“ (шведски). Female First. 4 October 2011. Посетено на 22 January 2016.
  6. „Lisa Aschan återvänder alltid till djurens värld“. Helsingborgs Dagblad (шведски). Посетено на 22 January 2016.
  7. 7,0 7,1 Domellöf-Wik, Maria (3 January 2012). „Lisa Aschan tackar nej till miljonstipendium“. Göteborgs-Posten (шведски). Архивирано од изворникот на 8 December 2015. Посетено на 22 January 2016.
  8. „De är storfavoriter inför Guldbaggen“. Dagens Nyheter (шведски). Посетено на 22 January 2016.
  9. „Lisa Aschan skapar skräck på flyktingförvar“. Nöjesguiden (шведски). Посетено на 22 January 2016.
  10. „Guldbagge till Lisa Aschan och Josefine Adolfsson för bästa manus!“ (шведски). Sveriges Dramatikerförbund. Архивирано од изворникот на 2016-01-29. Посетено на 22 January 2016.
  11. „Filmrecension: "Det vita folket" med Pernilla August“. Dagens Nyheter (шведски). Посетено на 22 January 2016.
  12. „Efter Guldbaggebelönade "Apflickorna" är Lisa Aschan tillbaka med en rysare på ett sterilt flyktingförvar“. Dagens Nyheter (шведски). Посетено на 22 January 2016.
  13. „Det vita folket“. Kulturhuset Stadsteatern (шведски). Архивирано од изворникот на 2015-12-08. Посетено на 22 January 2016.
  14. „Det vita folket (2015)“ (шведски). Svensk Filmdatabas. Посетено на 22 January 2016.
  15. „Bröderna Wahlgrens ilska mot Lisa Aschan efter Guldbagge-galan - Nöje“. Expressen (шведски). Посетено на 22 January 2016.
  16. „Fula gesten från Lisa Aschan mitt under Guldbaggegalan - Nöje“. Expressen (шведски). Посетено на 22 January 2016.
  17. „Arg och pekade finger: "Spontan reaktion". Svenska Dagbladet (шведски). 19 January 2016. Посетено на 22 January 2016.
  18. „Det vita folket“. Göteborgs-Posten (шведски). Посетено на 22 January 2016.

Надворешни врски

уреди