Сусана Рамел
Сусана Рагнарсдотер Рамел (родена Остберг ; претходно Гилгрен; 1 април 1920 - 4 април 2020) — шведска танчерка, пејачка, глумица и терапевт за движење.[1] Рамел била ќерка на архитектите Рагнар Остберг и Карин Тиел;[2] нејзиниот дедо по мајка бил финансиер и колекционер на уметности Ернест Тиел.[3]
Сусана Рамел | |
---|---|
Сусана Рамел во 2018 година. | |
Роден(а) | Сусана Рагнарсдотер Остберг 1 април 1920 Стокхолм, Шведска |
Починал(а) | 4 април 2020 Стокхолм, Шведска | (возр. 100)
Занимање | Глумица, танчерка, пејачка |
Сопружник | Свен Арн Гилгрен (1941–1949) Повел Рамел (1949–2007) |
Деца | Карина Гилгрен (1943) Мариен Гилгрен (1945) Микаел Рамел (1949) Лота Рамел |
Роднини | Рагнар Остберг (татко) Карин Тиел (мајка) Ернест Тиел (дедо) |
Животопис
уредиРодена е како Сузана Рагнарсдотер Остберг на 1 април 1920 година во Стокхолм од Рагнар Остберг и Карин Тиел. Двајцата нејзини родители биле во брак претходно и се развеле од сопружниците.[3] Таа имала шест постари полусестри, тројца од страната на нејзиниот татко (Гунвор Остберг, Хервор Остберг и Елзор Остберг) и три од страната на нејзината мајка (Ула Лидман-Фростенсон, Ен-Мари Лидман и Карин Олга Елизабет Лидман).[4]
Почнала да студира балет како млада девојка, а се појавила како танчерка во неколку шведски филмови во 1930-тите и 40-тите години на минатиот век, како и во различни емисии и ревии.[3][5]
Таа била мажена двапати; најпрво во 1941 година на Свен Арне Гилгрен со кого добила две ќерки Карина (родена 1943 година) и Маријана (родена 1945 година).[6] Тие се развеле во 1949 година, а истата година таа се омажила за Повел Рамел, кој првпат ја забележал кога била танчерка во Сидра Театерн.[3] Двојката имала две деца: Микаел (роден на 19 јануари 1949 година) и Шарлот (Лота), (родена на 29 септември 1957 година). Во филмот “Тед: Заради љубов“ во 2018 година, Лота Рамел ја игра улогата на Сузана.[7]
Рамел наполни 100 години на 1 април 2020 година и почина три дена подоцна.[8][9]
Филмографија
уреди- 1939 година - Сканер-Фалстербо
- 1939 година - Кадетски другари
- 1940 година - Блајџ Антон
- 1941 година - Светла иднина
- 1942 година - Живот на стап
- 1986 година - Аферата Рамел (ТВ серија)
Наводи
уреди- ↑ Ramel, Povel K H.
- ↑ Östberg, Ragnar.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Bodin, Anna (20 November 2015). „Susanna Ramel: "Vad mycket dumt man har gjort, det är inte klokt egentligen"“. Dagens Nyheter. Посетено на 15 June 2020.
- ↑ „Karin Thiel [1889-1963]“. Lidmanarkivet. Посетено на 15 June 2020.
- ↑ „Susanna Östberg“. The Swedish Film Database. Swedish Film Institute. Посетено на 15 June 2020.
- ↑ „Gillgren, Sven Arne“. Vem är Vem?: Stor-Stockholm (2. изд.). Vem är Vem AB. 1962.
- ↑ Stawreberg, Anna-Maria. „Lotta Ramel om sin ungdoms stora kärlek - Ted Gärdestad“. Hemmets Journal. Посетено на 25 September 2019.
- ↑ „Susanna Ramel“. Dagens Nyheter. 18 April 2020. стр. 25.
- ↑ Susanna Ramel death notice