Марија Гунила Јохансон Товле (родена на 7 април 1956 година во Стокхолм)[1] е шведска глумица, филмска режисерка и професорка на Стокхолмската академија за драмски уметности.[2][3]

Марија Јохансон
Роден(а)Марија Гунила Јохансон Товле
7 април 1956(1956-04-07)(68 г.)
Стокхолм, Шведска
ЗанимањеГлумица
Активен период1964-1998

Во 1963 година, на 6-годишна возраст, Јохансон била на аудиција за улогата на „Тјорвен“ во ТВ серијата „Vi på Saltkråkan“ (Ние во Салткрикан), напишана од Астрид Линдгрен и била прифатена. Таа ја играла Тјорвен во серијата, како и во четири последователни филмови произведени од 1964-1967 година.[2]

Јохансон студирала на Шведската национална академија за мимика и глума до 1981 година. Работела како филмска, ТВ и театарска глумица до 1998 година, кога започнала да работи како режисер. Таа се заинтересирала за истражување на глумата, а магистрирала и докторирала на Универзитетот во Содертерн. Нејзината докторска теза од 2012 година се вика „Skådespelarens praktiska kunskap“(Практичното знаење на глумецот).[3][4]

Таа е професор по истражување на уметноста на Стокхолмската академија за драмски уметности.[5]

Избрана филмографија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Barnstjärnan 60 år: "Nu är det bara att ge tillbaka". Dagens Nyheter (шведски). 6 Apr 2016. Посетено на 6 April 2016.
  2. 2,0 2,1 „Barnstjärnan 60 år: "Nu är det bara att ge tillbaka". Dagens Nyheter (шведски). 6 Apr 2016. Посетено на 6 April 2016.
  3. 3,0 3,1 „Maria Johansson disputerar“ (шведски). Stdh.se. Посетено на 6 April 2016.
  4. „Scentagen“. Svenska Dagbladet (шведски). 5 July 2012. Посетено на 6 April 2016.
  5. „Maria Johansson“. Stockholm Academy of Dramatic Arts. Архивирано од изворникот на 15 April 2016. Посетено на 6 April 2016.

Надворешни врски

уреди