Карин Асма
Карин Асма (17 март 1926 година, Перну, Естонија - 29 јануари 2012 година, Гетеборг, Шведска) била естонско-шведска историчарка на уметност.
Карин Асма | |
---|---|
Карин Асма во 1960 | |
Роден(а) | Helju Karin Isaac 17 март 1926 Перну, Естонија |
Починал(а) | 12 јануари 2012 Гетеборг, Шведска |
Образование | Универзитет Гетеборг Стокхолмски универзитет |
Сопружник | Феликс Асма |
Нејзиниот татко бил архитект, а нејзината мајка учителка по уметност. Во 1944 година дипломирала на Вишото женско училиште во Перну. Истата година побегнала во Шведска каде продолжила да студира во Друштвото за занаети и дизајн (сега ХДК) во Гетеборг 1946-1948. Асма подоцна студирала класична археологија, етнографија и историја на уметност и на Универзитетот во Гетеборг и на Универзитетот во Стокхолм .[1] Во 1960 година, таа се стекнала со диплома - лиценца за философи во историјата на уметноста на Универзитетот во Гетеборг, со лиценцирана теза за внатрешна декорација на цркви во западна Шведска во 1600-тите и 1700-тите години.
Во периодот 1964-1966 Асма работела како кустос во Историскиот музеј во Гетеборг. Како музејски едукатор во Музејот на уметност во Гетеборг работела во периодот 1966-1976 година, предавала историја на уметност на Универзитетот во Гетеборг во периодот 1976-1990 и била кустос во Музејот Рихска во периодот 1976-1991.
Наводи
уреди- ↑ Karin Aasma in Estonian Foreign Biographical Database