Бојана Атанасовска

Бојана Атанасовска-Скендеровски, позната само како Бојана (родена на 14 февруари 1984, Скопје) - македонска поп пејачка и текстописец.

Бојана Атанасовска-Скендеровски
Роден(а)14 февруари 1984
Скопје, СФР Југославија
ПотеклоРепублика Македонија
Жанровипоп, поп, македонска музика
Занимањапејачка, текстописец
Инструментивокал
Период на активност2002–сѐ уште
ИздавачиПродукција Република

ЖивотописУреди

Таа била водителка на емисијата Рифреш, а според неа, пеењето е уште еден предизвик за неа, и сака да проба нешто што отсекогаш го сакала.[1]

Таа ја започнала нејзината кариера во 2003 со учеството во телевизиското шоу Плеј - потрага по ѕвезди. Нејзиниот прв сингл бил "Живеј со прашањето", со која настапи на финалето на оваа манифестација, на авторскиот двоец - Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Принц (текст). Истата година таа настапила на Макфест во Штип со песната "Немам одбрана" и го освоила првото место. Во 2003 настапила на уште два натпревари, ромскиот натпревар "Fantana Di Malme" со песната "Ќе полудам" на ромски јазик, и натпреварот "Марко Поло" во Хрватска.

Бојана издала еден албум наречен "Целосно ти припаѓам". Во 2006, таа настапила на изборот за Евровизија со три песни, што предизвикало шпекулации дека натпреварот е наместен. Во финалето победила Елена Ристеска со песната "Нинанајна". Бојана издала и неколку дуети, вклучувајќи соработка со Ѓоко Танески и со црногорската група "No name" и песната "Моја мала".

Таа студирала на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.

Во моментов е водителка во емисијата "Улица Македонија".[2]

ДискографијаУреди

АлбумиУреди

  • Целосно ти припаѓам (2005)
  • Во дилема (2008)

СингловиУреди

  • Живеј со прашањето
  • Око мое
  • Ќе полудам
  • Отплакано најмило мое
  • Немам одбрана
  • Да ми паднеш и на колена
  • Стара добра, боса нова (feat. Ѓоко Танески)
  • Моја мала (feat. No name)
  • Заљубена до крај
  • Кон небото
  • Дилема (feat. Роберт Билбилов & Тони Зен)
  • Зборови

Спотови[3]Уреди

Спот Година Режисер
Око мое -
Стара нова боса нова -
Заљубена до крај -
Немам одбрана -
Кон небото -
Зборови лажни -
Светлина на мојот пат -
Во дилема 2007 -
Нема јас да сфатам -
Победио си ти 2011. Дарио Јанковиќ
Најмил мој 2015. Томато продукција
Овој миг 2016. -
Круна 2020. Скендеровски Продукција

НаводиУреди

  1. „Бојана Атанасовска“. web.archive.org. 2012-05-11. Посетено на 2020-10-05.
  2. „БОЈАНА АТАНАСОВСКА ЗА ЕМИСИЈАТА „УЛИЦА МАКЕДОНИЈА" И ЗА МАЈЧИНСТВОТО: Со ќерка ми Искра, заборавив на себичноста“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2020-10-04.
  3. „Портфолио на учесникот Бојана Атанасовска“. www.muzichkiregistar.com. Посетено на 2020-09-30.