Елизабета Ѓоргиевска

Елизабета Ѓоргиевска (р. 6 мај 1972)[1] — македонски лекар и универзитетски професор, сопруга на петтиот македонски претседател Стево Пендаровски и Прва дама на Македонија. Со претседателот Пендаровски го имаат синот Огнен.

Елизабета Ѓоргиевска
5. Прва дама на Македонија
На должноста
12 мај 2019 – во служба
Претходник Маја Иванова
Наследник во служба
Лични податоци
Роден(а) 6 мај 1972(1972-05-06)(51 г.)
Националност Македонка
Сопружник Стево Пендаровски
Деца Огнен
Живеалиште Скопје, Македонија
Професија универзитетски професор и стоматолог
Вероисповед Македонско православие

Животопис уреди

Елизабета Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.[2]

Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.

Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции. Држела предавања и работилници на научни конференции во Северна Македонија и во странство. Автор е на 2 и соавтор на 3 монографии. Во периодот, 2010-2014 година беше претседател на Македонското здружение по детска и превентивна стоматологија. Таа е членка на MDA, FDI, IAPD, UKSB и визитинг професор на Универзитетот Колумбија, Њујорк, САД.

Наводи уреди

  1. „Елизабета, сопругата на Пендаровски слави роденден: Една жена, еден живот, една љубов!“. Фокус (англиски). 2019-05-06. Посетено на 2020-10-03.
  2. „Сопруга на претседателот“. Претседател на Република Северна Македонија. Посетено на 2020-10-03.
Политички функции
Претходник
Маја Иванова
Прва дама на Македонија
2019-денес
Наследник
моментално