Ела Елизабет Лемхаген (родена на 29 август 1965 година во Упсала) е шведска филмска режисерка и сценаристка.[1] Во 2012 година таа ја добила почесната награда, „Gullspira“, за нејзиниот исклучителен труд за младинската култура на наградите Гулдбаге (шведскиот еквивалент на Оскарите).[2]

Ела Лемхаген
На Гулдбаге наградите во 2013 година.
Роден(а)Ела Елизабет Лемхаген
29 август 1965(1965-08-29)(59 г.)
Упсала, Шведска
НационалностШвеѓанка
ЗанимањеРежисер, Сценарист
Активен период1992–

Ран живот

уреди

Лемхаген е родена во 1965 година во Упсала и била дел од програмата за режисери на Dramatiska Institutets од 1988 до 1991 година.[1] Нејзиното деби во долгометражниот филм било со „Drömprinsen- filmen om Em“ (Принцот од соништата - филмот за Ем) во 1996 година.

Кариера

уреди

Првиот целосен филм на Лемхаген бил „Drömprinsen- filmen om Em“ [1] чија премиера била во шведските кина во февруари 1996 година.[3] Станува збор за една младо девојче, Ем, која еден ден гледа како изгорува нејзината игротека. Случајно, нејзиниот поглед допира до очите на оној кој е одговорен за огнот, со кого подоцна се среќава и така започнува ново, поинакво пријателство.

Филмот што пред се ја направил Ела Лемхаген позната во јавноста е Tsatsiki, morsan och polisen (Ѕаѕики, мата и полицијата). Се заснова на две книги, напишани од Мони Нилсон-Бранштром наречени Tsatsiki och morsan (Ѕаѕики и мама) и Tsatsiki och farsan (Ѕаѕики и тато).[4] Филмот зборува за осумгодишно момче кое живее со својата самохрана мајка, а неговиот татко живее во Грција. Ѕаѕики сонува да оди таму и да го запознае. Тој се обидува да ја намести својата мајка со полицаецот кој живее во нивната куќа, но таа не е заинтересирана. Еден ден, Ѕаѕики патува за Грција и таму за прв пат се среќава со својот татко.

Во текот на почетокот на XXI век го доживеала пробивот како режисер за филмови наменети и за возрасни, а не само за адолесценти. Во 2008 година таа го режирала филмот „Патрик 1,5“ кој зборува за хомосексуална двојка која само што се преселила во предградието каде што купиле куќа. Тие се пред посвојување на дете, наречено Патрик, кое има една и пол година. Нешто не е во ред со агенцијата за посвојување и детето што треба да го посвојат е Патрик, но тој има 15 години и има проблематично потекло. Станува збор за борбата со која се соочуваат родителите, растејќи проблематичен тинејџер и нивната сопствена борба како геј пар што се обидува да живее „нормален“ живот.[5]

Нејзиниот следен планиран филм бил „Pojken med guldbyxorna“ (Момчето со златните панталони), чија премиера била во септември 2014 година во шведските кина.[6] Тој е римејк на книгата со ист наслов на Макс Лундгрен. Станува збор за момче кое добива златни панталони кои што магично му даваат неограничена сума пари.[7]

Филмографија

уреди

Награди и номинации

уреди
  • Гулспира 2013 [8]
  • Наградата „Старбој“ за најдобар детски филм на Меѓународниот детски и младински филмски фестивал во Оулу во 2000 година, за Ѕаѕики, мама и полицијата.[9]
  • Гулдбаге награда од 2000 година - освоена за најдобар режисер за Ѕаѕики, мама и полицијата.
  • Гулдбаге награда од 1997 година - номинирана за најдобар режисер за Принцот од соништата - филмот за Ем.
  • Стипендија Курт Линдер од 1996 година за Принцот од соништата - филмот за Ем.

Библиографија и дополнителна литература

уреди
  1. Family, without all the drama by Ann Hornaday, Washington, The Washington Post, 20 August 2010.
  2. Lyssna och ge förtroende by Eva Westergren, Stockholm, Zoom, edition 8, 1996.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Ella Lemhagen SFI“. Svensk Filmdatabas. Svenska Filminstitutet. Архивирано од изворникот на 11 April 2014. Посетено на 3 March 2014.
  2. „Gullspira 2013“. Guldbaggen. Svenska Filminstitutet. Посетено на 7 March 2014.
  3. „Drömprinsen- Filmen om Em“. Svensk Filmdatabas. Svenska Filminstitutet. Архивирано од изворникот на 11 April 2014. Посетено на 6 March 2014.
  4. „Tsatsiki, morsan och polisen“. Filmhandledning. Svenska Filminstitutet. Архивирано од изворникот на 11 April 2014. Посетено на 11 March 2014.
  5. „Patrik 1,5“. Film i skolan. Svenska Filminstitutet. Архивирано од изворникот на 11 April 2014. Посетено на 11 March 2014.
  6. Lindblad, Helena (2013-05-18). „Lemhagen gör "Pojken med guldbyxorna". Dagens Nyheter. Посетено на 14 March 2014.
  7. „Pojken med guldbyxorna“. SF. SF. Архивирано од изворникот на 2014-11-20. Посетено на 14 March 2014.
  8. „Ella Lemhagen Awards“. Svensk Filmdatabas. Svenska Filminstitutet. Архивирано од изворникот на 11 April 2014. Посетено на 14 March 2014.
  9. „Voittajat“ [Winners]. Oulu Film Centre. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 2014-09-30.

Надворешни врски

уреди

на IMDb