Силвија од Шведска

Силвија (родена Силвија Рената Сомерлат на 23 декември 1943) - сопруга на кралот на Шведска, Карл XVI Густаф; оваа титула ја стекнала со бракот со кралот во 1976 година. Таа е мајка на наследникот на престолот, принцезата Викторија. Во 2011 година, таа стана најдолговечна кралица на Шведска, рекорд што претходно го држеше Софија од Насау.

Силвија
Кралицата Силвија, 8 јуни 2013
Queen consort of Sweden
На позиција19 June 1976 – сè уште
Роден(а)Силвија Рената Сомерлат
23 декември 1943(1943-12-23)(81 г.)
Хајделберг, Република Баден, Германија
СопружникКарл XVI Густав од Шведска (в. 1976)
Деца
ТаткоВалтер Сомерлат
МајкаАлиса Соарес де Толедо
ВероисповедШведска црква
ПотписСилвија's signature

Детство и родителство

уреди

Силвија Рената Сомерлат е родена во Хајделберг, Јужна Германија, на 23 декември 1943,[1] единствената ќерка на Алис (родена Соарес де Толедо) и Валтер Сомерлат. Нејзиниот татко бил Германец, а нејзината мајка Бразилка.

Таа има два постари браќа: Ралф (роден 1929) и Волтер (роден 1934) Сомерлат. Нејзиниот трет брат Јорг Сомерлат починал во 2006. Куќата Мајка-Дете Јорг Сомерлат во Берлин, управувана од Светската фондација за детство на кралицата Силвија,[2] е именувана по неговото име.

Посетувала средно училиште во Диселдорф, дипломирајќи во 1963 година; и ја посетувала Школата за толкување во Минхен од 1965 до 1969, насока шпански јазик.[1]

Таа има извесно познавање на шведски знаковен јазик, национален знаковен јазик што го користи заедницата на глуви во Шведска.[3] Таа е обучен преведувач и шведскиот е всушност нејзин шести јазик. Го зборува својот мајчин германски јазик, португалски, кој е мајчин јазик на нејзината мајка, како и француски, шпански и англиски.

Брак и семејство

уреди

За време на Летните олимписки игри во 1972, каде била вработена како водителка, Силвија Сомерлат се сретнала со принцот престолонаследник Карл Густаф. Во подоцнежно интервју, кралот објаснил како само „кликнало“ кога се сретнале. По смртта на кралот Густаф Шести Адолф на 15 септември 1973, Карл XVI Густаф го наследи престолот.

Тој и Силвија ја објавиле свршувачката на 12 март 1976 и се венчале три месеци подоцна, на 19 јуни во катедралата во Стокхолм („Катедралата Сторкиркан“) во Стокхолм.[4] Тоа бил првиот брак на владејачки шведски монарх од 1797 година. Пред венчавката, претходната вечер, претходел Кралски естраден перформанс, каде што шведската музичка група АББА за прв пат ја изведе „Dancing Queen“, како почит кон идната кралица на Шведска.[5][6]

Кралот и кралицата на Шведска имаат три деца и седум внуци:

  • Престолонаследничката принцеза Викторија, војвотката од Вестерјетланд (родена на 14 јули 1977 година). Таа е мажена за Даниел Вестлинг и имаат две деца:
    • Принцеза Естел, војвотката од Остерготаланд (родена на 23 февруари 2012 година)
    • Принцот Оскар, војводата од Скане (роден на 2 март 2016 година)
  • Принцот Карл Филип, војводата од Вермланд (роден на 13 мај 1979 година). Тој е оженет со Софија Хелквист и имаат две деца:
    • Принцот Александар, војводата од Содерманленд (роден на 19 април 2016 година)
    • Принцот Габриел, војводата од Даларна (роден на 31 август 2017 година)
  • Принцезата Медлин, војвотката од Хелсингленд и Гестрикланд, (родена на 10 јуни 1982 година). Таа е мажена за Кристофер О'Нил и имаат три деца:
    • Принцеза Леоноре, војвотката од Готланд (родена на 20 февруари 2014 година)
    • Принцот Никола, војводата од Анжерманленд (роден на 15 јуни 2015 година)
    • Принцезата Адриен, војвотката од Блекинге (родена на 9 март 2018 година)

Добротворна вклученост

уреди
 
Кралицата Силвија во Осло за време на прославата на 100-годишнината од распадот на унијата меѓу Норвешка и Шведска

Кралицата Силвија ја основала Ментор Интернешнл во 1994 година во соработка со Светската здравствена организација. Нејзината визија била да понуди менторство како инспирација, зајакнување и мотивација за млади луѓе да прават здрав избор на живот и да гледаат на нивната иднина попозитивно. Работата на фондацијата е призната од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал, Организацијата на американски држави и Советот на Европа. Таа сега е почесен член на одборот на Фондацијата Ментор.[7]

Таа исто така била ко-основач на Светската фондација за детство во 1999 година, инспирирана од нејзината работа како покровител на првиот Светски конгрес против комерцијална сексуална експлоатација на деца што се одржал во Стокхолм.[8] Таа исто така била вклучена во Глобалниот форум за деца, за кој помогнала да се иницира, како главен говорник во неколку форуми.[9][10]

Нејзината посветеност кон работа со деменција и грижа за старите лица на крајот на животот е исто така добро позната и почитувана. На нејзина иницијатива, Силвијахемет е основана во Стокхолм. Работи на едукација на болнички персонал за тоа како да работат со луѓе кои страдаат од деменција, а исто така иницира истражување во областа.[11]

Таа е претседател на Кралскиот фонд за венчавки, кој поддржува истражување во спортот и атлетиката за млади со попреченост[12] и јубилејниот фонд на кралицата Силвија за истражување на деца и попреченост.

Кралицата Силвија има почесни позиции во Шведската атлетска атлетска асоцијација, Фондацијата за карцином на деца од Шведска и "Save the children" (Спасете ги децата) Шведска.[12]

Користена литература

уреди
  1. 1,0 1,1 „Biography – Sveriges Kungahus“. Kungahuset.se. Архивирано од изворникот на 2012-01-11. Посетено на 9 February 2012.
  2. „Startpage“. Childhood. Архивирано од изворникот на 9 February 2012. Посетено на 9 February 2012.
  3. „Essener LVR-Schule zu Gast bei Königin Silvia von Schweden“ [Students of an LVR School in Essen visit Queen Silvia of Sweden]. 8 April 2009. Архивирано од изворникот на 25 April 2010. Посетено на 7 April 2010.
  4. Kilborn, Peter (20 June 1976). „Swedish Monarch Marries German as 150,000 Turn Out“. The New York Times. стр. 3. Посетено на 26 April 2017.
  5. „Retro Romance: Sweden's Dancing Queen Silivia“. Архивирано од изворникот на 15 July 2011. Посетено на 6 December 2010.
  6. Queen Royal Swedish Opera by ABBA World Hit Song Track Theatrical Stage Act Video Видео на YouTube
  7. „ECEB Mentoring – - A mentoring programme in the spotlight: Mentor International“. www.ecebmentoring.eu. Архивирано од изворникот на 2019-08-29. Посетено на 2019-08-29.
  8. „Startpage“. Childhood. Архивирано од изворникот на February 24, 2012. Посетено на 9 February 2012.
  9. „Queen Silvia of Sweden and HRH Princess Haya open Global Child Forum“. Emirates News Agency. Архивирано од изворникот на 2017-02-02. Посетено на 2017-01-23.
  10. Persson, Joakim (2016-05-10). „Queen Silvia of Sweden closes Global Child Forum“. ScandAsia (англиски). Посетено на 2019-08-29.
  11. „History“. Silvia Hemmet.
  12. 12,0 12,1 „Queen Silvia – Royal Engagements“. Kungahuset. Архивирано од изворникот на 2020-10-24. Посетено на 2020-10-06.

Надворешни врски

уреди