Марија Дејфен (родена 1975 година)[1] — шведска математичарка позната по своето истражување на случајни графови и стохастички процеси на графови, вклучувајќи го и Reed–Frost моделот на епидемии. Таа е професор по математика на Универзитетот во Стокхолм.

Образование и кариера

уреди

Дејфен се школувала на Универзитетот во Стокхолм, стекнувајќи се со лиценца во 2001 година, а докторат во 2004 година и хабилитација во 2008 година [2]. Нејзината докторска дисертација, Стохастички модели за просторни раст и конкуренција, бил надгледуван од Оле Хагстром.[3]

По завршувањето на докторатот, таа станала постдокторски истражувач на Институтот Митаг-Лефлер, Универзитет Врије Амстердам, Универзитет Чалмерс и Технолошки универзитет Делфт пред да се врати во Стокхолм како помлад член на факултет во 2006. Таа била унапредена во редовен професор по математичка статистика во 2015.[2]

Признание

уреди

Дејфен била еден од добитниците во 2018 година на Пол Р. Халмос - Лестер Р. Форд наградата на Математичката асоцијација на Америка за нејзиниот труд со Александар Е. Холројд и Џејмс Б. Мартин, „Пријателски жаби, стабилен брак и магијата на Инваријантност“, користејќи комбинаторна теорија на игри за да се анализира проблемот со стабилни парови (SMP).[4]

Користена литература

уреди
  1. Birth year from VIAF authority control record, retrieved 2020-08-06
  2. 2,0 2,1 Curriculum vitae (PDF), May 2019, Посетено на 2020-08-06
  3. Марија Дејфен at the Mathematics Genealogy Project
  4. Paul R. Halmos – Lester R. Ford Awards, Mathematical Association of America, Архивирано од изворникот на 2017-06-26, Посетено на 2020-08-06; see also "Friendly Frogs, Stable Marriage, and the Magic of Invariance" Архивирано на 18 јануари 2021 г. on the MAA web site

Надворешни врски

уреди