Ања Ветерова

македонска пејачка

Ања Ветерова (13 август 1999, Скопје) - македонска поп пејачка. Во 2010 година ја претставуваше Македонија на Детската евровизија.

Ања Ветерова
Роден(а)13 август 1999(1999-08-13)(24 г.)
Скопје
ПотеклоМакедонија
Жанровипоп, македонска музика
Занимањапејачка, текстописец
Инструментивокал, пијано
Период на активност2005–денес

Кариера уреди

Ања дебитирала на музичката сцена во 2004 на детскиот фестивал Супер Ѕвезда. На тој фестивал настапувала во периодот од 2004-2007, и настапила со песните „Штрк“, „Во ритам“, „Луда забава“ и „За сцена родена сум јас“. Со последната песна, таа ја освоила првата награда на "World of Talents 2007" во Одеса, Украина.[1]

Во 2008, Ања настапила на 51виот Zecchino d'Oro фестивал во Италија, со песната "Come un aquilone" (Време е за нас) напишана од Калиопи. На тој фестивал го освоила 10тото место, претставувајќи ја македонската култура. Исто така, таа година гостувала на националното финале на Детска Евровизија во Скопје.

Во 2009 настапила на фестивалот "Il pulcinella d'Oro" во Наполи, со наполитанска песна. Истата година ја снимала дуетската песна „Јас те сакам тебе“ со бендот Паркети, со која настапиле на фестивалот Тралала во Битола.

Во 2010 освоила награда за најдобра песна на фестивалот "Ti Amo" во Романија со песната "DJ Polipo", напишана од Елена Ристеска.

Во септември 2010 била победник на домашниот детски избор за песна на Евровизија и ја претставувала Македонија во Минск, Белорусија со песната „Еооо, еооо“ (Магична песна), напишана од Дарко Димитров и Елена Ристеска.

Во октомври истата година настапила на "Verdi Note" фестивалот во Салермо, Италија со песната "Bengi, cagnolino trendy".

Таа исто така настапила на фестивалите „Мале сунчане скале“ во Херцег Нови, Црна Гора и „Чаролија“ во Белград, Србија. Освен пеење Ања танцува и глуми. Ја играла малата Есмералда во балетот

Во 2016 настапила на фестивалот Макфест со песната „И покрај сè“.

Основно училиште посетувала во ОУ „11 Октомври“, средно училиште завршила во Гимназија НОВА, а сега е студент на музичката академија Беркли во САД.[2]

Дискографија уреди

Албуми уреди

Спотови уреди

Спот Година Режисер
Јас те сакам тебе 2009 Дарко Антоновски
Еооо, Еооо 2010
Само сонувај 2013 Tomato Production
Rambambam 2017 NNMedia
Dodje mi da vrisnem 2018 Marko Todorović, Petar Drašković
Za petama 2022 NNMedia

Наводи уреди

  1. „FYR Macedonia JESC 2010 Македония Р"етское Евровидение 2010“. esckaz.com. Посетено на 2020-11-28.
  2. „Ања Ветерова: Сонот за „Беркли" ми стана реалност!“. Hashtag. Посетено на 2020-10-05.

Надворешни врски уреди

Профил на Ања Ветерова на ВБУ Музички Регистар