Ана Линд

Ова е објавената верзија, проверена на 5 октомври 2022. Промени во предлошки чекаат на преглед.

 Ана Линд (19 јуни 195711 септември 2003) — шведска социјал-демократска политичарка која служела како министер за надворешни работи од 1998 до 2003 година, и министер за животна средина од 1994 до 1996 година. Таа била член на Риксдаг за Седерманланд од 1982 до 1985 година и од 1998 до 2003 година.

Животопис

уреди

Линд е родена во Енскеде-Арста, населба југоисточно од Стокхолм, но израснала во Енчепинг. Се вклучила во политиката на возраст од 12 години, кога се приклучила на локалниот огранок на шведската социјалдемократската младина. По зачленување во партија, еден од нејзините приоритети било протестирање против Виетнамската војна.

Линд студирала на Универзитетот во Упсала, и дипломирала како „Кандидат на правото“ (jur. kand.) во 1982 година. Исто така, во 1982 година, таа била избрана за член на Риксдаг за Округот Седерманланд.[1][2] Во 1984 година, таа станала првиот женски претседател на шведската социјал-демократската младина. Нејзините шест години како претседател биле одбележани со заложба за меѓународни односи (вклучувајќи ги Никарагва, Виетнам, Јужна Африка и Палестина) и против трката во вооружување која била карактеристична за Студената војна.

Политичка кариера

уреди

Линд служела во Риксдаг од 1982 до 1985 година, и повторно од 1998 година до нејзината смрт во 2003 година. Од 1991 до 1994 година, таа била комесар за култура и животна средина и заменик-градоначалник на Стокхолм. Во 1994 година, по социјалдемократската победа на изборите, премиерот Ингвар Карлсон ја назначил во својот кабинет како министер за животна средина. Еден од придонесите на Линд била нејзината пионерска работа во врска со законодавството за опасни хемиски супстанции на Европската Унија. Таа, исто така, повикала на создавање на една заедничка ЕУ стратегија против киселите дождови.

 
Линд во 1995

По изборите во 1998 година, премиерот Горан Персон ја назначил Линд како министер за надворешни работи во новата влада.

Висока функција во нејзината кариера добила за време на шведското претседателство со Европската Унија во текот на првата половина на 2001 година. Линд служела како претседател на Советот на Европската Унија, одговорна за застапување на официјалната надворешна политика на Европската Унија. Патувајќи со портпаролот на Европската унија за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана во Македонија, за време на косовско-македонската криза, преговарала за договор со кој се спречила граѓанска војна во земјата.

 
Со премиерот на Србија Зоран Ѓинѓиќ во Стокхолм. Линд требало да се сретне со Ѓинѓиќ во Белград во март 2003 година, моменти пред неговиот атентат. Шест месеци подоцна, таа била избодена до смрт од страна на српски убиец.

Друг дострел во нејзината кариера била насилната репатријација на Ахмед Агиза и Мухамед ал-Жери од Шведска во Египет, операција што ја спроведе американската војска. Поради оваа одлука, таа подоцна била критикувана за нејзините акции. На 24 мај 2004 година, кога комисијата против тортура при Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на Обединетите нации утврди дека владата на Шведска ги прекршила своите обврски од Конвенцијата против тортура во присилната репатријација на Агиза, Линд веќе била убиена.

Наводи

уреди
  1. „Anna Lindh“. The Telegraph (obituary). 12 September 2003.
  2. Comelli, Michele (July–September 2004). „The Challenges of the European Neighbourhood Policy“. The International Spectator. 39 (3): 97–110.