Сања Лефкова

македонска пејачка

Сања Лефкова (родена на 10 јули 1987)[1]македонска поп пејачка.

Сања Лефкова Христова
Занимање пејачка
Сопружник Мики Христов
Деца 2

Животопис уреди

Како мала Сања се занимавала со гимнастика и со кошарка, но, сепак, на крајот преовладала љубовта кон музиката, и таа се запишала на соло-пеење во Штип. Заедно со Емил Арсов, петнаесетгодишната штипјанка Сања била најмлад учесник на финалната вечер на манифестацијата Плеј - потрага по ѕвезди, одржана во Универзалната сала. Таа ја исполнила темата "Лијат години", на авторскиот двоец - Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) и Александар Митевски (текст).[2]

Приватен живот уреди

Сања е мажена со Мики Христов од Скопје и заедно имаат два сина. Тие подолго време живеат во Лондон, Англија.[3]

Дискографија уреди

Синглови[4] уреди

  • Лијат години (2002)
  • Душо (2009)
  • Засекогаш ти (2013)
  • Среќа (2015)
  • Врати се (2016)
  • Почеток и крај (2018)
  • Don't you get it (2020)

Наводи уреди

  1. „Muzika.Net.Mk > Изведувачи > Сања Лефкова“. web.archive.org. 2005-01-15. Архивирано од изворникот на 2005-01-15. Посетено на 2020-10-08.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Сања Лефкова“. web.archive.org. 2012-05-31. Архивирано од изворникот на 2012-05-31. Посетено на 2020-10-05.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  3. „Се породи македонската пејачка: Второ – па(к) машко! (ФОТО)“. Vistina.mk. Посетено на 2020-10-05.
  4. „Профил на Сања Лефкова“. www.muzichkiregistar.com. Архивирано од изворникот на 2017-03-24. Посетено на 2020-10-05.