Сара Даниус
Сара Марија Даниус (5 април 1962 - 12 октомври 2019) — шведски литературен критичар и филозоф и научник за литература и естетика. Даниус била професор по естетика на Универзитетот во Содертерн, доцент по литература на Универзитетот во Упсала [1] и професор по книжевна наука на Универзитетот во Стокхолм.[2]
Даниус била член на Шведската академија и прва жена постојан секретар.[3] Таа била една од централните фигури во полемиките во 2018 година што резултираше со откажување на Нобеловата награда за литература таа година и следственото преструктуирање на академијата.[4]
Наводи
уреди- ↑ Wiman, Björn (7 March 2013). „DN-medarbetare tar plats i Svenska akademien“. Dagens Nyheter (шведски).
- ↑ Anell, Eva (1 October 2013). „Vill bidra med humor och olydnad“. tidningencurie.se (шведски). Curie. Посетено на 12 October 2019.
- ↑ „Sara Danius ersätter Peter Englund“. Dagens Nyheter (шведски). 20 December 2014. Посетено на 12 October 2019.
- ↑ Jones, Evelyn (12 April 2018). „Permanent Secretary of the Swedish Academy leaves her position“. Dagens Nyheter. Посетено на 13 April 2018.