Пернила Август

Пернила Август (швед. изг. [pæˈɳɪ̂lːa ˈǎʊɡɵst] ( слушнете); родена Миа Пернила Херцман-Ериксон; 13 февруари 1958 година)[1] е шведска актерка, режисерка и сценаристка. Бидејќи била една од водечките актерки во Шведска и долгогодишен соработник со режисерот Ингмар Бергман, таа ја освоила наградата за најдобра актерка на Канскиот филмски фестивал во 1992 година за нејзината улога во „Најдобри намери“. Таа е позната и како Шми Скајвокер во „Војна на Ѕвездите: Епизода I - Фантомската закана и „Војна на Ѕвездите: Епизода II - Напад на клоновите.

Пернила Август
Пернила на Гулдбаге наградите во 2013 година.
Роден(а)Миа Пернила Херцман-Ериксон
13 февруари 1958 (1958-02-13) (62 г.)
Стокхолм, Шведска
ЗанимањеАктерка, Режисер
Активен период1975–
СопружникКлас Остергрен (в. 1982; раз. 1989)
Бил Август (в. 1991; раз. 1997)
ДецаАгнес, Аста, и Алба

КариераУреди

АктерствоУреди

Август започнала да глуми за време на нејзиното детство во театар и на училиште. Нејзината професионална актерска кариера започнала во 1975 година кога режисерот Рој Андерсон и дал мала улога во филмот „Гилијап“, а од 1979 година играла во филмовите на режисерите, Вилгот Сјоман (меѓу нив, филмот за Алфред Нобел, од 1983 година) и Ласе Халстрем. Студирала глума на Шведската национална академија за мимика и глума во Стокхолм во 1979–82 година.[2] Пред да ги заврши студиите, таа го привлекла вниманието на Ингмар Бергман, кој и дал улога во неговиот филм „Фани и Александар (1982), [3] играјќи дадилка во романтизираниот портрет на режисерот од неговото детство. Тоа го означила почетокот на дведецениската соработка, притоа добивајќи неколку меѓународни награди, вклучувајќи ја и телевизиската серија „Најдобри намери (1991),[4] каде ја играла мајката на Бергман и го запознала нејзиниот втор сопруг, режисерот Бил Август, потоа ТВ-продукциите „Приватни исповеди (1996), во режија на Лив Улман, и „Во присуството на кловн (1997) повторно од Бергман.[5]

Таа исто така глумела во „Патот на змијата“ на Бо Видерберг (1986), како и во неговата ТВ-продукција на „Дивата патка“ на Хенрик Ибзен (1989). Меѓу многуте скандинавски и меѓународни филмови се појавува и во „Ерусалим на Бил Август (1996); „Каде завршува виножитото“ (1999) (ја добила наградата Гулдбаге за најдобра актерка), „Роденденот“ (2000) и „Јас сум Дина (2002) на Ричард Хоберт; „Om jag vänder mig om“ (Ако се свртам) (2003) на Бјорн Рунге, каде добила Сребрена мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 2004 година и други награди за најдобра актерка; „Убиство (2005) и шведско-тајванскиот „Мис Кики (2009) на Пер Флај; и „Вистината и последиците“ (2012) на Јан Троел.

На Кралскиот драмски театар во Стокхолм, таа глумела во неколку претстави, почнувајќи од 1981 година, неколку во режија на Ингмар Бергман и на меѓународни турнеи. Тука спаѓаат Офелија во Хамлет на Вилијам Шекспир (1986) (улога што ја играла и во друг шведски телевизиски филм од 1985 година), „Драма од соништата на Аугуст Стриндберг (1986), Нора во „Куклена куќа на Хенрик Ибзен (1989), Хермиона во специјалната верзија на Бергман на „Зимска приказна“ (1994), главннта улога во ШелероватаМери Стјуарт (2000) и Елена Алвинг во „Духови“ на Ибсен (2002). Таа исто така работела со рускиот режисер Јуриј Љубимов во „Празник во време на чума “ на Александар Пушкин (1996). Во 1983-84 година, работела во Фолктетерн и Гавлеборг (Народниот театар во Гавлеборг) со режисерот Питер Оскарсон во „Трите сестри на Антон Чехов. Во 2008 година, глумела во сценското производство на „Челични магнолии во Стокхолм.[6]

Таа се појавила во две епизоди на „Хроники на младиот Индијана Џонс“ во 1993 година.[7] Многумина говорници на англискиот јазик ја знаат најдобро како Шми Скајвокер, мајката на Анакин Скајвокер,[8] од „Војна на Ѕвездите: Епизода I - Фантомската закана (1999),[9] и продолжението „Напад на клоновите (2002).[10] Ја поделила улогата на Дева Марија во „Марија, Исусовата мајка (1999) со Мелинда Кинаман.[11] Таа играла значајна улога во шведскиот филм „Sprängaren“ (Краен рок) (2001) заедно со Хелена Бергстром. Во 2011 година, таа ја повторила улогата на Шми Скајвокер во третата сезона на „Војна на Ѕвездите: Војна на клоновите во епизодата „Надвладетели“, која се емитувала на 28 јануари.[12]

РежијаУреди

По нејзиното режисерско деби со краткиот филм „Временска бомба“ во 2005 година (Blindgångare), таа дебитирала како режисер на долгометражни филмови и сценарист во 2010 година со „Beyond“ (Преку), во кој глумат Нуми Рапасе и Ола Рапасе. Филмот бил избран за претставник од Шведска за најдобар странски филм на 84-то издание за Оскар[13] и бил награден со Шведските Гулдбаге награди и други (Август победила за најдобар режисер и најдобро сценарио). Во октомври 2011 година, од Август било побарано да режира нова данска драмска серија „Arvingerne“, по што таа прифатила. Премиерата на серијата била на DR ТВ каналот на 1 јануари 2014 година.[14] Нејзините две најмали ќерки имаат камео појави во серијата.

НаградиУреди

Меѓу многуте меѓународни награди и номинации, на Канскиот филмски фестивал во 1992 година таа ја добила наградата за најдобра актерка, за нејзината улога во „Најдобри намери“ на Бил Август.[15] За истиот филм таа исто така ја освоила наградата за најдобра актерка на 28-те Гулдбаге награди.[16]

Личен животУреди

Август е родена во Стокхолм. Таа двапати стапила во брак и двапати го менувала презимето. Нејзиниот прв брак бил во 1982 година со Клас Остергрен, со кого има една ќерка;[17] бракот завршил со развод во 1989 година. Вториот брак бил во 1991 година со Бил Август, со кого има две ќерки; овој брак исто така завршил со развод, овој пат во 1997 година.[18] Таа има три ќерки: Агнес, Аста и Алба.[19]

НаводиУреди

  1. „Pernilla August“. sfi.se. Посетено на 2 January 2017.
  2. Domellöf-Wik, Maria (1 September 2016). „Pernilla August följer upp Svinalängorna“. Göteborgs-Posten (Swedish). Посетено на 11 April 2019.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  3. Gritten, David (12 July 1992). „MOVIES : A Light on August : When Ingmar Bergman picked him to make 'The Best Intentions,' Bille August got more than a man could bargain for--an award-winning film, a new wife and the mantle of Great Scandinavian Director“. Los Angeles Times. Посетено на 11 April 2019.
  4. Dudar, Helen (26 July 1992). „UP AND COMING: Pernilla August; The Part Was Fine But Made Her Mad“. The New York Times. Посетено на 11 April 2019.
  5. Holden, Stephen (3 October 1998). „FILM FESTIVAL REVIEW; Very Bergman, With a Movie Within a Movie Made for TV“. The New York Times. Посетено на 11 April 2019.
  6. „Blommor av stål på Vasateatern“. Thatsup (Swedish). 27 October 2008. Посетено на 11 April 2019.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. Arbeiter, Michael (3 December 2015). „9 'Star Wars' Prequel Trilogy Actresses Worth Remembering Even In The Age Of Rey“. Посетено на 11 April 2019. Наводот journal бара |journal= (help)
  8. Britt, Ryan (21 December 2018). 'Star Wars' Finally Reveals Darth Vader's Real Father“. Fatherly. Посетено на 11 April 2019.
  9. Greydanus, Steven D. (30 November 2018). „What Is a Christmas Movie?“. National Catholic Register. EWTN News, Inc. Посетено на 11 April 2019.
  10. Vinney, Cynthia (9 December 2018). „10 Casting Decisions That Hurt The Star Wars Prequels (And 10 That Saved it)“. Screen Rant. Посетено на 11 April 2019.
  11. „Mary, Mother of Jesus“. TIME. Time Inc. 154 (18–27): 113. 1999.
  12. Bones, Jason B. (28 January 2011). „This Week in The Clone Wars: The Chosen One Learns About His Destiny“. Посетено на 11 April 2019. Наводот journal бара |journal= (help)
  13. Dawtrey, Adam (7 September 2011). „August's 'Beyond' enters Oscar race“. Variety. Посетено на 7 September 2011.
  14. „Archived copy“. Архивирано од изворникот на 2014-01-06. Посетено на 2014-01-06.CS1-одржување: архивиран примерок како наслов (link) Pernilla August: Derfor sagde jeg ja til Arvingerne
  15. „Festival de Cannes: The Best Intentions“. festival-cannes.com. Посетено на 14 August 2009.
  16. „Den goda viljan (1992)“. Swedish Film Institute. 22 March 2014.
  17. Mårtensson, Ulf. „Pernilla August on Phantoms and Ghosts“. Nordstjernan. Посетено на 11 April 2019.
  18. Johansson, Linda (15 April 2019). „Stjärnornas svenska barn berättar om sin uppväxt“. Expressen (Swedish). Посетено на 15 April 2019.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  19. Sweet, Matthew (27 April 2003). „Pernilla August: Bergman, Jesus, Darth Vader - I have mothered them all“. The Independent. Посетено на 11 April 2019.

Надворешни врскиУреди