Марија-Пија Боетиус
шведска новинарка, романописец, писателка и активистка
Марија-Пија Боетиус (родена 1947 година) е шведска новинарка, романописец, писателка и активистка. Работела како новинар во весникот Експресен од 1968 до 1978 година.[1] Меѓу нејзините книги се и Обвинете се себеси од 1976 година, Чест и совест од 1991 година (за шведската неутралност за време на Втората светска војна) и Црната книга на медиумите од 2001 година.[2]
Таа го објавила во 1979 година романот Свенсон, Свенсон, одговор на романот на Улф Лундел Џек.
На Боетиус и била доделена наградата „Туре Нерман“ во 1998 година и Ден Андерсон наградата во 2002 година.
Во 2012 година учсествувала во мисијата Брод до Газа со бродот СВ Естел.[3]
Наводи
уреди- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Heimerson, Staffan (1 July 2001). „Dags att visa andra bildstormare avsmak“. Aftonbladet. Посетено на 5 March 2014.
- ↑ „Svensk aktivist hemma efter Ship to Gaza-aktion“. Sveriges Radio. 22 October 2012. Посетено на 5 March 2014.