Елена Велевска
Елена Велевска (26 октомври 1980, Прилеп) — македонска фолк и поп пејачка.
Елена Велевска | |
---|---|
Роден(а) | 26 октомври 1980 Прилеп, СР Македонија, СФРЈ |
Потекло | Република Македонија |
Жанрови | фолк, поп, македонска музика |
Занимања | пејачка |
Инструменти | вокал |
Период на активност | 2003–сѐ уште |
Мреж. место | elenavelevska.com |
Животопис
уредиСе родила како втора ќерка во семејството Велевски. Уште на осум години запеала на училишните смотри на кои настапувала сè до завршувањето на основното образование кога речиси истовремено била избрана за претставник на Прилеп на училишниот натпревар што се одржал во Пробиштип. Својата прва песна "Сонувам" ја снимила на петнаесетгодишна возраст со групата "Уникат" од Прилеп. Тоа ја охрабрило да го сними својот прв солистички албум "Што ќе ми се пари", а го снимила во прилепското студио "Точак" на кој продуцент му бил Дејан Момировски. Дејан Момировски го напишал и текстот на нејзиниот следен голем хит "Пу, пу машала" по враќањето од Австралија. Оваа песна го најавила и нејзиниот втор албум "Пу, пу машала" кој се состоел од осум песни. Набрзо започнала со настапи на фестивали, а првиот фестивал на којшто настапила бил "Гоце фест 2002", каде со групата "Болеро" од Струмица ја испеала песната "Еј, моја Македонијо". Таа година настапила и на "Цветници 2002" повторно со "Болеро" и ја отпеала песната "Сите солзи ќе ги пролеам". Следувало нејзиното самостојно излегување на "Валандово 2002" со песната "Свири чичек" на која комплетен автор бил Илчо Јованов и каде таа освоила награда за сценски настап. На тој сценски настап била придружувана од маестро Ферус Мустафов и дел од оркестарот "Агушеви". Со фестивалите се отвориле вратите за почести турнеи во странство, претежно во Швајцарија и Италија. Следната 2003, се претставила и на "Тетовски фолк фестивал" со песната "Живеам за тебе" која била многу добро прифатена и и донела учество на "Фолк хит на годината". Во 2003, настапила на првиот "Низа фестивал" во нејзиниот роден град Прилеп, со "Мелем песна" на авторката Радмила Митровиќ. Потоа заминала на турнеја низ Австралија заедно со Дејан Момировски. На таа турнеја ги започнала подготовките за нејзиниот трет албум. По враќањето во Македонија ја отпеала песната "Говорот на телото" чиј текстописец бил Ѓорѓи Калајџиев. На нејзиниот трет албум се нашле дури шеснаесет песни. За новогодишните празници настапувала во Америка. Следното лето настапила на "Охридски трубадури" со песната "Шах-мат". Песната "Жена огнена" изведена на "Роса 2004" била широко прифатена од публиката. На нејзиниот четврти албум како автор на две песни се јавува токму таа.
Дискографија
уреди- Пу пу машала
- Говорот на телото
- Жена огнена
Спотови
уредиВидеоспот | Година | Режисер |
---|---|---|
Пу,пу машала | 2000 | |
Мите | 2004 | |
Среќен роденден | 2004 | |
Двете не мами | 2006 | Гурко |
Наркотику мој | 2007 | Александар Ристовски - Принц |
Невина | 2008 | Чедо Поповски |
Висок притисок | 2008 | Zati Video Production |
Воздух | 2008 | Дејан Милиќевиќ |
Те шизнав | 2010 | EV Production |
Sexy bull | 2011 | EV Production |
Бел лебед | 2012 | IN Production |
Лицето на совеста | 2012 | EV production |
Црна свила | 2013 | IN Production |
Лоша копија | 2014 | IN Production |
Остани | 2014 | Fabrika Produkcija |
Црно и бело | 2015 | IN Production |
Погледни ме за крај | 2017 | Tомато Продукциja |
Ще си моя | 2017 | Људмил Иларионов - Љуси |
Уволнен си от живота ми | 2017 | Људмил Иларионов - Љуси |
Недостапна за тебе | 2017 | IN Production |
Во срцето на Балканот | 2018 | Томе Табанов |
Зоро моја румена | 2019 | Људмил Иларионов - Љуси |
Говорот на телото | 2020 | Tомато Продукциja |
Овој живот убав е | 2021 |
Спотови на народни (фолклорни) песни
уредиВидеоспот | Година | Режисер |
---|---|---|
Куме заиграј | ||
Душа ми е полна | ||
Ах,пусти пари | EV Production | |
Поделен живот | EV Production | |
Мајка има едно чедо | IN production | |
Зировница | 2015 | EV Production |
Мака ме натера | 2016 | IN Production |
Гледај ме,гледај | 2016 | IN Production
2S |
Невеста | 2016 | In Production |
Една е мајка | 2017 | In Production |
Срце бакшиш ќе ти дадам | 2017 | IN Production
-Nono |
Македонијо, мајко страдалнице | 2018 | Даниел Јовески |
Едно малој моме | 2024 | IN Production |
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место Архивирано на 26 септември 2008 г. (македонски)
- Весна Миленковска: "Пејачка со глас, а не со става Архивирано на 26 септември 2007 г.", Вест, 26 јуни 2002. (македонски)
- Весна Миленковска: "Кога ги масирам, како да се мои Архивирано на 29 септември 2007 г.", Вест, 5 мај 2007. (македонски)
- Весна Миленковска: "Елена Велевска на концерти во Швајцарија Архивирано на 26 септември 2007 г.", Вест, 1 март 2006. (македонски)
- "Златни нозе!", Свет (455), 9 март 2006. (српски)
- Податоци за изданија Архивирано на 29 март 2017 г. евидентирани од ВБУ Музички Регистар (македонски).