Ирена Стефоска
Ирена Стефоска (р. 16 септември 1967 во Скопје) — министер за култура на Македонија (2020—2022) и професор на Институтот за национална историја.[1][2]
Ирена Стефоска | |
---|---|
Министерка за култура на Република Македонија | |
На должноста 31 август 2020 – 16 јануари 2022 | |
Премиер | Зоран Заев |
Претходник | Хусни Исмаили |
Наследник | Бисера Костадиновска-Стојчевска |
Лични податоци | |
Роден(а) | 16 септември 1967 Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
Партија | СДСМ |
Установа | Св. Кирил и Методиј |
Професија | универзитетски професор |
Живот
уредиВо 1991 дипломирала на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје. Магистрирала на Средноевропскиот Универзитет во Будимпешта (1994), и на Филозофскиот факултет во Белград (2001).
Докторирала на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје (2007). Добитник е на Фулбрајтовата стипендија, професор истражувач на Универзитетот Браун во САД (2009/2010), и на стипендијата на Фондацијата Роберт Бош, на програмата „Historical Dialogue and Accountability“ на Универзитетот Колумбија (зимски семестар 2012). Алумна е на „Георг Екарт Институтот“ во Брауншвајг, Германија, водечка институција во светот за истражување на учебници по историја, географија и мајчин јазик.
Стефоска е член на меѓународната мрежа „Aliance for Historical Dialogue and Accountability“, при Институтот за човекови права на Универзитетот Колумбија во Њујорк од 2012 година. Таа е носител и учесник во меѓународни и национални проекти и публикации поврзани со феноменот на нациите и национализмите на Балканот, со историските и политичките митови на Балканот, со наставата по историја и културите во регионот, а во насока на педагогија и култура на мирот. Остварила истражувачки претстои, и предавања на еминентни универзитети во Европа и САД, меѓу кои на Хумболтовиот универзитет во Берлин, на Универзитетот во Чикаго, на Универзитетот Урбана-Илиноис, на Универзитетот Колумбија во Њујорк, во Центарот Вудро Вилсон во Вашингон, на универзитетите во Регенсбург, Грац, Белград, Софија и др.
Како долгогодишен граѓански активист во повеќе области, била член на: Советодавниот комитет за култура при „Фондацијата Отворено Општество – Македонија“, член на Управниот одбор на швајцарската фондација за култура „Про Хелвеција“, член на Управниот одбор на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права и долгогодишен член на академскиот Комитет на историчари од Балканот при „Центарот за демократија и помирување во Југоисточна Европа“, во Солун. Таа е една од основачите на академската група „Vox Academica“ и на граѓанската иницијатива „Ајде“.
Била пратеник во Собранието на Република Северна Македонија (2016-2020), каде претседавала со Комисијата за култура, и со групата за соработка со грчкиот парламент. До стапувањето на должноста Министерска за култура, работи како редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот, „Свети Кирил и Методиј“, Скопје.
Течно зборува англиски, српски, хрватски и бугарски јазик, се служи со грчки јазик и има пасивно познавање на францускиот јазик.
Активности во Собранието:
уреди- Комисија за култура, претседател
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, член
- Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
- Комисија за еднакви можности на жените и мажите, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Грција, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Финска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, член
- Клуб на пратенички, член на претседателство
Наводи
уреди- ↑ „ИРЕНА СТЕФОСКА 16“. sobranie.mk (англиски). Посетено на 2021-01-21.
- ↑ „Ирена Стефоска“. Влада на Република Северна Македонија. 2020-08-31. Архивирано од изворникот на 2021-03-04. Посетено на 2021-01-21.