Вера Сандберг

Вера Хелфрид Викторија Сандберг (23 мај 1895, Хангерс Гард, Јунгби - 24 декември 1979, Стокхолм) - шведски инженер. Во 1917 година станала првата жена инженер во Шведска.

Вера Хелфрид Викторија Сандберг
Вера Сандберг од биографиите Svenska Teknologföreningen.
Роден(а)мај 23, 1895(1895-05-23)
Љунгби, Шведска
Починал(а)декември 24, 1979(1979-12-24) (возр. 84)
Стокхолм, Шведска
Националностшвеѓанка
Алма матерХемија, Chalmers University of Technology
Занимањеинженер

ЖивотописУреди

Вера Сандберг пораснала во Лангасјонас во парохијата Асарумс, во провинцијата Блекинге. Кога се запишала на технолошкиот универзитет во Чалмерс во 1914 година таа беше единствената жена меѓу 500 студенти-мажи.[1][2] Во 1917 година таа се стекнала со дипломата по хемија, а потоа започнала да работи во AB Skandinaviska Raffineriet во Партил, како и на позиции во Oljefabriken i Karlshamn, Хелсингборг Gummifabrik и во Sieverts Kabelverk во Сундбиберг. Таа беше омажена со инженерот Рагнар Адолф Ресаре во периодот од 1937-1950 година. Двојката престојуваше во Сторфорс неколку години, кога таа главно се фокусираше на своето семејство. До 1956 година таа беше косопственик на Långasjönäs Pappersbruk и беше редовно вклучена во одборот.

НаследствоУреди

Вера Сандберг го даде своето име на неколку работи, меѓу другото:

  • Chalmersspexet Vera, спекс изведен од Унијата на студенти на Чалмерс.
  • Вера Сандбергс Але, авенија во Гетеборг.
  • Еден од балоните на топол воздух на Чалмерс.
  • Конференциска сала во зградата на студентскиот сојуз на Чалмер, наречена Тревникот на Вера (Veras Gräsmatta).[3]
  • Тимот на Чалмер, Чалмерс Вера Тим, во натпреварот Еко маратон.
  • Вера Сандбергс гата, улица во Љунгби.

Во јуни 2019 година, во нејзина чест беше откриена статуа од Технолошкиот универзитет Чалмерс на авенијата Вера Сандберг во Гетеборг, создадена од вајарот Јан Кардел.[4]

ИзвориУреди

НаводиУреди

  1. Vetenskapsradion 5 mars 2009: 1914: Kvinna med räknesticka gör entré
  2. Vera Sandberg – Sveriges första kvinnliga ingenjör (англиски), Посетено на 2020-01-18
  3. „Veras Gräsmatta“. ENTREPRENEURSHIP. BY CHALMERS. (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-09-29. Посетено на 2020-01-18.
  4. „Sweden's first female engineer honored with statue“. Nordic Life Science – the leading Nordic life science news service (англиски). 2019-06-14. Посетено на 2020-01-18.

Понатамошно читањеУреди