Верица Пандиловска
Верица Пандиловска (р. 13 мај 1973 во Тетово)[1] — македонска поп пејачка.
Верица Пандиловска | |
---|---|
Роден(а) | 13 мај 1973 Тетово |
Жанр(ови) | поп |
Занимање/ња | пејачка |
Животопис
уредиВерица Пандиловска завршила нижо музичко училиште (отсек виолина), како и Средно музичко училиште (отсек соло-пеење). На музичката академија продолжила со соло-пеење, а по две години отсекот го променила со теоретскиот дел.
Нејзиното прво појавување било на премиерата на филмот „Arizona Dream“ во Универзалната сала во Скопје, каде таа ја отпеала традиционалната „Калеш бре Анѓо“.
Првата солистичка песна „Вратете го богови“ ја испеала на фестивалот Интерфест во Битола во 1994 година. Песната ја компонирал Драган Вучиќ, а за изведбата Верица била наградена како најдобар интерпретатор.
Следната година (1995), на Скопски фестивал отпеала песна од Љупчо Цветковски – Ти не разбираш, која подоцна била прогласена за најслушана меѓу два фестивала. Следела пауза до 1999 година, кога на Макфест настапила со „Без здив“, песна од Тоше Поп-Симонов, во чие студио биле снимени и претходните две песни.
Следувале: Знаеш дека знам (Скопски фестивал 2000, награда за најдобар текст за Тоше Поп-Симонов) и Нема зошто (Макфест 2001, награда за интерпретација), по кое се дистанцирала од фестивалите.
По две години кариерата ја продолжила со хитовската Кучкин син, а една година подоцна, 2004/05 со Дај ми вино. Следната Капка пот (автори: Владо Јаневски и Дарко Димитров), била промовирана во јуни 2006 година, а Животот е (композиторот Дејан Миличевиќ бил инспириран од шпанскиот мелос, додека текстот го напишала Калиопи) во јануари 2007.
За поголемиот дел од песните Пандиловска снимила спотови, кои ги режирале Тоше Поп-Симонов, Дејан Миличевиќ и 3Д продукција.
Во 2007 бил врвот на нејзината кариера со промоција на нејзиниот прв професионален албум „Бело знаме“ кој ги содржал националните хитови како „Кучкин син“, „Без здив“, „Капка пот“ и многу други.[2]
Книги
уреди- „Социо-емоционален развој на децата“ од предучилишна и училишна возраст
- Менталната хигиена во услови на Ковид-19 и глобална пандемија
- „Невербална комуникација“
- „Комуникациски вештини“
- „Комуникациски вештини“ (неформално образование)
Дискографија
уредиАлбуми
уреди- Само за тебе
- Бело знаме
Спотови
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Без здив | 1999. | Тоше Поп Симонов |
Нема зошто | 1999. | Тоше Поп Симонов |
Кучкин син | 2003. | Дејан Миличевиќ |
Дај ми вино | 2005. | 3D Production |
Капка пот | 2006. | Дејан Миличевиќ |
Животот е... | 2006. | Дејан Миличевиќ |
Бело знаме | 2007. | Дејан Миличевиќ |
Цвеќе за извини | 2007. | Дејан Миличевиќ |
Нема да остареш | 2017 | Дејан Миличевиќ |
Наводи
уреди- ↑ „BIOGRAFIJA“ (англиски). Посетено на 2020-10-02.
- ↑ „Верица Пандиловска“. web.archive.org. 2012-05-11. Архивирано од изворникот на 2012-05-11. Посетено на 2020-10-05.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)