Теодора Крајевска

Теодора Крајевска (родена Космовска; 1854–1935) родена во Полска, била австроунгарска лекарка, писателка и учителка.

Теодора Крајевска
Теодора Крајевска, 1854-1935 година

Во својата младост, Крајевска работела во училишта и пишувала романи. Во 1883 година таа се преселила во Швајцарија за да студира медицина. Во 1892 година, била ангажирана од властите на Автроунгарија да работи како службеник за јавно здравје во Босна и Херцеговина. Со ова таа станува една од првите жени што се занимавале со медицина во Босна и Херцеговина и Автроунгарија, Крајевска главно лекувала жени, за кои сметала дека се подложни на посебни здравствени проблеми. Крајевска придружно со лекувањето водела и детални белешки за состојбата на жените и муслиманските обичаи. Овие списи, објавени во 1989 година, го откриваат покровителскиот став кон муслиманите, што не е несвојствено за тоа време. Крајевска останала во Босна по распадот на Автроунгарија, но губењето на видот ја принудило да се повлече во 1922 година. Во 1928 година, таа се вратила во Варшава, одлука за која жалела, каде и починала.

Семејство и образование

уреди

Теодора Космовска е родена во интелектуално семејство во Варшава, тогашен дел од руска Полска. Нејзиниот татко, Игнаси, работел во училиште, додека нејзината мајка, Северија (родената Гавовчинска), ги воспитала осумте ќерки на двојката. По завршувањето на престижната женска гимназија во Варшава, Теодора Космовска се здобила со учителска диплома и започнала да им предава аритметика на учениците од гимназијата.[1] Таа се откажала од својата работа во 1876 година, кога се омажила за Игнаси Крајевски, професор по класична филологија. Двојката била популарна помеѓу интелектуалната класа на тоа време. Некој од познатите гости во нивниот дом бил писателот Александар Швиштоховски и Скодовскиите. Овие контакти влијаеле врз Крајевска и таа започнала да пишува романи, песни и литературни прегледи, како и да преведува.

Пресвртна точка во животот на Крајевска била смртта на нејзиниот сопруг во 1881 година. Таа најпрво ја продолжила својата учителска кариера, работејќи во приватна гимназија управувана од нејзините тетки, Леокадија и Бронислава Космовски и продолжила да пишува романи.[1] Од младите полски вдовици во тоа време се очекувало да се омажат, но Крајевска им пркосела и на социјалната норма и на желбите на нејзините родители.[2] Таа ја напуштила Варшава во 1883 година, заминала во Швајцарија каде се запишала на Универзитетот во Женева. Таа најпрво студирала физиологија, станувајќи првата жена асистент за настава во историјата на универзитетот, а потоа се започнала да се занимава и со медицина. Била активно вклучена во активностите на полската дијаспора во Швајцарија, служејќи како претседател на Здружението на полски студенти. [3]

Крајевска ги положила своите завршни испити во 1891 година и следната година добила награда за докторска дисертација[1] но открила дека не може да добие нострификација на дипломата или да практикува медицина во нејзината татковина.[2] Затоа, со леснотија ја прифатила понудата на австроунгарските власти, кои барале жени-лекари за работа во новоокупираната Босна и Херцеговина.

Медицинска кариера

уреди
 
Австроунгарски области во Босна и Херцеговина. Крајевска најпрво беше одговорна за градовите во областа Тузла, а потоа и за оние во округот Сараево.

Теодора Крајевска била прогласена за службеник за јавно здравје (амтарстин) во областа Тузла со чин капетан со указ од 28 ноември 1892 година.[1] [4] Со цел да извршува акушерски и гинеколошки процедури, таа започнала обука во клиника во Виена. Жените не смееле да студираат или практикуваат медицина во Автроунгарија во тоа време, но исклучок се направил за Босна и Херцеговина, каде муслиманските жени одбивале да бидат лекувани од машки лекари. Со ова, Крајевска не била само една од првите жени-лекари во Босна и Херцеговина, туку и во Автроунгарија. Вкупно седум жени биле вработени за лекување на босански жени; Крајевска била една од тројцата руски државјани и еден од двајцата етнички Полјаци.[4] Пред да ја преземе функцијата, Крајевска морала да се здобие со австроунгарско државјанство.[3] Таа ја презела работата на Ана Бајерова, која поднела оставка кратко време по назначувањето, поради честите несогласувања со нејзините претпоставени. По ова, Крајевска ја прифатила задачата, да ги лекува босанските муслимански жени.[4]

Пристигнувањето на Крајевска во Тузла во март 1893 година било најавено од градскиот чувар.[1] Според нејзините записи таа се ужаснала кога ги видела „овие прекрасни словенски жени покриени со превези“.[4] Крајевска брзо научила српскохрватски јазик. Таа често ги посетувала оддалечените планински села. Побарувачката за услугите на Крајевска била голема, па австроунгарските власти за кратко време ја вработиле и Бохуслава Кецкова, уште една Полјачка, која добила служба во Мостар. Говорејќи на Меѓународниот конгрес на жени во Берлин во 1896 година, Крајевска го бранела колонијалимот тврдејќи дека на Босанците и Херцеговините им е потребна „цивилизација и напредок однадвор“, наметнати „од горе“. [3] Империјалниот феминизам, поддржан од Крајевска, бил отфрлен од австриските женски движења, кои имале либерален поглед.[4]

Крајевска била особено заинтересирана за остеомалација.

Во 1901 година, Крајевска била испратена во Сараево, а Јадвига Олшевска ја заменила во Тузла.[3] Како службеник за јавно здравје на областа Сараево, таа редовно патувала во градовите Фоча, Фојница, Горажде, Вареш и Високо. Покрај практикување медицина, Крајевска предавала хигиена и во неколку училишта во Сараево. Додека го правела тоа, таа се сретнала со друга наставничка и писателка, Јагода Трухелка, со која остварила блиско пријателство.[1]

Пензија

уреди

Поводот за Првата светска војна, атентатот над надвојводата Франц Фердинанд, се случил на неколку стотини метри од домот на Крајевска во Сараево во 1914 година. Со ова се става крај на австроунгарското владеење во Босна и Херцеговина. Додека мнозинството Полјаци од повисоката класа во Босна и Херцеговина се преселиле во новоформираната Втора Полска Република, Крајевска останала. Нејзината здравствена состојба, влошениот вид за време на војната поради перде, ја вратил во Прага каде и била направнеа хируршката интервенција која била неуспешна.[1] Поради ова до 1922 година, таа морала да се повлече.[2]

Крајевска се вратила во Варшава, сега главен град на Полска, во 1927 година, за да открие дека градот е неизмерно променет и таму повеќе не се чувствува како дома.[1][2] Таа била една од најпознатите и најценетите луѓе во Сараево, но само анонимна старица во Варшава. Изнемоштена и скоро целосно слепа, таа презела напорно патување за да ја види Босна за последен пат пред да умре во Варшава на 5 септември 1935 година.

Дневник

уреди

Крајевска зад себе оставила бројни извештаи и детален дневник. Крајевска ги доверила овие списи на нејзината пријателка Зофија Грабовска. Оригиналниот ракопис се чува во Осолинеумот. Делови од дневникот се преведени на српскохрватски јазик од босанската писателка Марина Трумиќ, која починала пред да го заврши преводот.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Tomašević, Dragana (30 April 2017). „Teodora Krajewska – prva liječnica u BiH“. stav.ba (српскохрватски).
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Lis, Tomasz Jacek. „Teodora Krajewska – bośniacka dr Quinn“. o-historii.pl. Архивирано од изворникот на 2019-12-30. Посетено на 2020-10-01.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Fuchs 2011.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Fuchs 2017.

Библиографија

уреди
  • Дојчер Хаушац, 1899/1900, т. 26, број 19, стр. 340: Портрет со потпис д-р Т Крајјеска.
  • Fuchs, Brigitte (January 2017). „Austria-Hungary's Civilizing Mission in Bosnia and its Positive Effects on Domestic Feminists' Demands 1890–1918“. University of Cologne. Наводот journal бара |journal= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Fuchs, Brigitte (2011). Christian Promitzer; Marius Turda (уред.). Orientalizing Disease – Austro-Hungarian Policies of 'Race', Gender and Hygiene in Bosnia and Herzegovina 1874–1914. Health, Hygiene, and Eugenics in Southeastern Europe to 1945. Central European University Press. ISBN 9639776823.CS1-одржување: ref=harv (link)Fuchs, Brigitte (2011). Christian Promitzer; Marius Turda (уред.). Orientalizing Disease – Austro-Hungarian Policies of 'Race', Gender and Hygiene in Bosnia and Herzegovina 1874–1914. Health, Hygiene, and Eugenics in Southeastern Europe to 1945. Central European University Press. ISBN 9639776823.CS1-одржување: ref=harv (link) Fuchs, Brigitte (2011). Christian Promitzer; Marius Turda (уред.). Orientalizing Disease – Austro-Hungarian Policies of 'Race', Gender and Hygiene in Bosnia and Herzegovina 1874–1914. Health, Hygiene, and Eugenics in Southeastern Europe to 1945. Central European University Press. ISBN 9639776823.CS1-одржување: ref=harv (link)