Ингрид Сегерстед Виберг

Ингрид Сегерстед Виберг (18 јуни 1911 - 21.05.2010) — шведски новинар и политичар. Таа била истакната активистка за слобода на говор, мир, човекови права и грижа за бегалците.[1]

Животопис

уреди

Сегерстед Виберг е родена во Лунд, Шведска како второ дете на норвежанката Августа Вилхелмина Синестветт (1874-1934) и шведскиот новинар Торгни Сегерстед (1876–1945). Нејзиниот брат Торгни Т. Сегерстед (1908–1999) служел како заменик-канцелар на Универзитетот во Упсала помеѓу 1955 и 1978 година.[2][3]

Кога Сегерстед Виберг имала една година, семејството се преселило во Стокхолм, а подоцна во Гетеборг во 1917 година, кога нејзиниот татко станал главен уредник на весникот Весник за трговија и поморство во Гетеборг.[4]

Помеѓу 1958 и 1970 година, Сегерстед Виберг била член на Риксдаген, претставувајќи ја Либералната народна партија. Таа служела како претседател на шведскиот оддел на Женската меѓународна лига за мир и слобода од 1975–81 година [5]

Наводи

уреди
  1. Robach, Karin (22 May 2010). „Ingrid Segerstedt Wiberg“.
  2. „Torgny T. Segerstedt“. Uppsala University. Посетено на April 1, 2020.
  3. „Torgny Segerstedt, 1876–1945“. NE Nationalencyklopedin AB. Посетено на April 1, 2020.
  4. „Göteborgs Handels- och Sjöfartstidning“. Det gamla Göteborg. Посетено на April 1, 2020.
  5. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 3 March 2016. Посетено на 5 January 2011.