Сара Бломквист Јанг — шведска модна манекенка и стопанственичка.

Бломквист во 2010 година

Ран живот

уреди

Таа пораснала во оддалечено село во Шведска, во комплекс за уметници, како најмала од петте деца. Нејзините родители биле боемски уметници кои биле дел од шведскиот „Зелен бран“, луѓе кои ги напуштиле големите градови за да живеат во селата во 1980-тите. Како дел од нивните боемски ставови, ако имале избор помеѓу купување нов телевизор или патување со ранци низ Азија, тие би го избрале второто. Сепак, како млада, самата Бломквист имала желба да заработи многу пари и мислела дека може да стане хирург или адвокат.[1]

Кариера

уреди

Бломквист била извидена од Стокхолмската агенција МИКА на 13-годишна возраст, а започнала да се занимава со макенство на 15 години.[2] Таа дебитирала како ексклузива за Прада,[б 1] заедно со модели како Али Стивенс, во 2007 година.

Без да присуствува на модната недела во Њујорк, таа отишла во Лондон и Париз за да се занимава со манекенство за Луј Витон, Шанел, Дрис Ван Нотен и Александар Меквин.[4]

Бломквист се појавила во реклами за Џил Сандер, БЦБГ Макс Азриа, Уникло, Вера Ванг, Тори Бурч, Белстаф, Живанши, Џо Фреш, Акрис, Карвен, Валентино и Мисони.

Во 2019 година, Бломквист се вратила во Прада по седумгодишна пауза од брендот за да ја затвори модната ревија во пролетта 2020 година и се појавила во кампањата за крстарење во 2020 година.[2] На наградите „Модел на годината“ за 2019, Бломквист го добила гласот на индустријата за „Повраток на годината“.[5] Во 2022 година, таа се појавила на модната ревија на Прада F/W 2022 во чест на многу модели што ги користеле во изминатите две децении. Ја опишувале и како „Икона на индустријата“.[6]

Во глумата, таа се појавила во шведскиот филм Sommarstället: „Летната куќа“.[7]

Личен живот

уреди

Во 2014 година, Бломквист стапила во брак со британскиот манекенен Џереми Јанг, облечена во Валентино, во селото Коулд Спринг, Њујорк.[8] Тие имаат син (роден 2016 година) и живееле во Португалија и Бруклин, Њујорк.[9] Таа и нејзиниот сопруг имаат дел од сопственоста на ресторанот Скар пица.[2]

Таа и нејзиното семејство сега живеат во Лондон. Во 2023 година Бломквист го родила нивното второ дете.

Наводи

уреди
  1. „HAND CRAFTED » Purpose and Perspective Magazine“. Purpose and Perspective Magazine (англиски). 2020-07-10. Посетено на 2021-10-29.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Sara Blomqvist On The Nostalgic, Nerve-Wracking Experience Of Walking For Prada 12 Years After Her Debut“. British Vogue.
  3. „Casting Prada: Can Any House Really Compete?“. The Fashion Law. October 22, 2014. Архивирано од изворникот на 2020-10-09. Посетено на 2020-10-05.
  4. „Meet the New Girl: Sara Blomqvist“. The Cut.
  5. „Model of the Year Awards 2019“. models.com.
  6. „Industry Icons“. models.com. For over a decade, Sara Blomqvist has prevailed as one of the industry’s most consistently sought after faces. You could mention the recent wins securing a Prada ad but she’s done that before too (add Valentino and Jil Sander to that copious mix too). You could bring up tears in Vogue Italia but the Swede has modeled for its pages time and time again. One thing is for sure - she’s the next generation of bonafide model stars.
  7. „Swedish supermodel Sara Blomqvist makes her acting debut“. Telegraph. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 2020-10-05.
  8. „Model Moments From Sara Blomqvist and Jeremy Young's Upstate New York Wedding“. Vogue.
  9. „Swedish Supermodel Sara Blomqvist Beautifies Bed-Stuy with $1.2 M. Townhouse Buy“. Observer.

Белешки

уреди
  1. Директорот на кастингот, или понекогаш и самата Миуча Прада избира ексклузива за да работи за брендот само една сезона.[3]