Алфхилд Там
Ана Алфхилд Там (1876-1959) - шведски лекар и прва жена психијатар во Шведска.
Живот
уредиТам дипломирала во Стокхолм во 1895 година, ја стекнала својата медицинска лиценца на институтот Каролинска во 1905 година и добила одобрување за практикување психијатриска дејност од нервната клиника во Серафимераласаретет во 1908 година. Таа била активна во Стокхолм во периодот 1909-1946 година.
Там била ученик на Сигмунд Фројд и припаѓала на групата психијатри кои ја вовеле психоанализата во Шведска. Посебен интерес имала за нарушувањата во говорот.[1] Заедно со Фројд го основала финско-шведското психоаналитичко друштво во 1934 година во Стокхолм, под покровителство на здружението за независна пракса.[2]
Личен живот
уредиТаа била во долгогодишна врска со жена.[3]
Наводи
уреди- ↑ „skbl.se - Alfhild Tamm“. www.skbl.se. Посетено на 2019-09-11.
- ↑ Roos, Esa. „FINLAND, AND PSYCHOANALYSIS ESA ROOS President of the Finnish Psycho-Analytical Society Member of the House of Delegates of the IPA“.
- ↑ „Psychoanalytikerinnen in Skandinavien“. www.psychoanalytikerinnen.de.