Александра Пилева

македонска пејачка

Александра Пилева Чадиева (родена на 10 јуни 1980 во Неготино) — македонска пејачка на поп и рок-музика. Студирала на Технолошкиот факултет во Скопје (отсек конфекциско инженерство).[1][2]

Александра Пилева
Александра Пилева
Животописни податоци
Роден(а)10 јуни 1980(1980-06-10)(44 г.)
Неготино
Жанровирок, поп-рок
Период на активност1998–се уште

Животопис

уреди

Нејзиниот прв настап бил во 1998 на Макфест со песната “Ти си тој”.

Во 2000 таа започнала да настапува во Скопје, во соработка со групата “Session Selection”, со која изведувале рок песни во клубови. Заедно со овој бенд таа настапила на Макфест 2000, пеејќи ја нејзината автоска песна “Искривени слики”.

Со полни 22 години била најстарата финалистка на манифестацијата Плеј - потрага по ѕвезди. На големото финале на манифестацијата, ја извела темата Ангел мој, на авторскиот двоец - Дарко Димитров (музика, аранжман и продукција) - Александар Ристовски - Принц (текст). Нејзината песна била наградена со една од две специјални награди.

Во 2004, на музичкиот фестивал Макфест, настапила со песната "Нема Утеха" и ги добила наградите Гран При, прво место од публиката и награда за најдобар глас од акредитираните новинари.

Во 2005, Пилева била избрана како еден од шест кандидати за претставници на Македонија на Евровизија 2005. Откако таа го поминала полуфиналето, во финалето се натпреварувала против Мартин Вучиќ, каде што извела четири композиции, од кои на крај ја извела "Сонце и месечина", и победила со телефонските гласови, но Вучиќ освоил повеќе бодови од жирито и публиката со што бил избран за претставник. После ова, таа го издала својот албум Сонце и месечина.

Во 2005, одржала концерт во Ирак во базата на американските војници, со посетата на министерот за одбрана на Македонија, во организација на американската армија.

Во 2006 настапила повторно на Макфест, и ја освоила втората награда од публиката и награда за најдобар гласовен перформанс од акредитираните новинари, со песната "Сребрени војници".

Таа година настапила и на меѓународниот фестивал во Будва, Црна Гора, со песната "Сонце и месечина".

Во 2007 за прв пат ја напишала нејзината песна “Летај со мене” од албумот “Get Back To Studio Rock’N Roll”, кој бил во калифорниски стил. Оваа песна доживеала огромен успех листата Адриа Топ 20 на музичкиот канал MTV каде неколку недели се задржала на второто место. После тоа, една од најпопуларните песни во 2007, “Песна за Македонија” и нејзините други синглови го претставиле албумот “Get Back To Studio Rock’N Roll”.

Во 2008 Пилева одржала повеќе рок концерти и неколку големи проекти со Министерството за култура: Летен културен бран 2008. Во проектот “Пеј на Кирилица”, Пилева ја обработила легендарната рок песна “Дал да плачам ил да пеам”.

Албумот “Get Back to Studio Rock 'n Roll” бил издаден во 2008, а Александра за дел од песните ги напишала музиката и текстовите.

Истата година, таа го издала првото DVD со наслов “Во живо од студио Rock N Roll”.

Во 2009, Пилева го одржала својот прв соло концерт спонзориран од градоначалникот на град Скопје. На концертот гостувале и други ѕвезди, меѓу кои и рок групата “Електрични оргазам” од Србија. Концертот имал голема посетеност од 7000 посетители.

Во 2010, Пилева добила меѓународно признание и можност да настапи на Пиво фест во Белград, Србија.

Таа, исто така, во текот на 2010 настапила на концерти по повод “Денот на независноста”, 8 септември во Велес, “Илинден”, 2 август во Крушево, и други концерти.

Во 2011, Александра станала мајка на нејзиниот син Лука.

Во 2011, таа го отворила својот рок клуб бар Лед Цепелин во Скопје, во кој гостувале едни од најдобрите рок бендови од Македонија.

Во 2012, Пилева настапила на Охрид 2012 фестивал под 21 Охридско културно лето и добила награда за најдобар настап со песната “Дали после се ме губиш.” Со цел враќање на некогашниот квалитет на Скопје Фест, Пилева била специјална гостинка и настапила со песната “Имам јас се”.

Исто така, во 2012, таа продолжила со работа на нејзиниот трет албум “Антиретро”.

Дискографија

уреди

Албуми

уреди
  • 1998: Ти си тој
  • 2001: Искривени слики
  • 2004: Нема утеха
  • 2006: Сребрени војници
  • 2007: Летај со мене
  • 2007: Песна за Македонија
  • 2007: Појди
  • 2008: Калино моме
  • 2008: Лудо
  • 2008: За еден ден
  • 2008: Те одрекувам
  • 2008: Немаме време
  • 2008: Рај
  • 2008: Имам те, те губам
  • 2008: Мило мое
  • 2008: Реалност
  • 2008: Единствена
  • 2009: Дал да плачам ил да пеам
  • 2011: Сè ќе гори
  • 2012: Дали после се ме љубиш
  • 2012: Подари ми
  • 2012: Имам јас се

Спотови

уреди
Спот Година Режисер
Нема утеха 2004
Сонце и месечина 2005
Сребрени војници 2006
Летај со мене 2007
Појди 2007
Лудо 2008
За еден ден 2008

Наводи

уреди
  1. „Александра Пилева“. web.archive.org. 2012-05-11. Архивирано од изворникот на 2012-05-11. Посетено на 2020-10-05.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. „Aleksandra Pileva“. en.wikipedia-on-ipfs.org. Посетено на 2020-10-05.[мртва врска]