Мод Розита Ауер, (родена на 4 август 1952 година) — шведска стомачна танчерка, глумица и пејачка.[1] Таа пораснала во Губанген во Стокхолм. Преку пријатели таа стапила во контакт со индискиот танц, а потоа и со турскиот танц. Започнала да работи како стомачна танчерка во Клуб Камелен во Гамла Стен во Стокхолм во 1969 година. Покрај тоа, таа студирала и глума на театарската школа Кале Флигарес.

Розита Ауер
Роден(а)4 август 1952(1952-08-04)(72 г.)
Стокхолм, Шведска
Националностшвеѓанка
ЗанимањеГлумица, пејачка, стомачна танчерка

Како глумица учествувала во неколку театарски претстави и имала улоги во голем број филмови и ТВ-продукции.[1] Меѓу другите претстави, таа учествувала во сценското шоу на Повел Рамелс „Тингел Тангел на Тирол“ помеѓу 1989 и 1990 година.[2] Станала пионерка во Шведска како прва професионална стомачна танчерка, имала и часови по уметност на ориентален танц. Таа е и главна пејачка на групата Розита Оер Бенд.[3]

Во 2016 година, Розита ја објави својата автобиографија наречена „Во главата на стомачна танчерка„.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Sveriges första magdansös fyller 55“. Посетено на 13 July 2016.
  2. „I huvudet på en magdansös“. Посетено на 13 July 2016.
  3. 3,0 3,1 „Rozita Auer Band + Jan Allan - Nöje.se“. Архивирано од изворникот на 2016-08-09. Посетено на 13 July 2016.