Сара Далгрен
Сара Далгрен — шведска пејачка, глумица и музички уметник. Родена е во 1980 година и ја добила својата прва улога кај Бурос Стадштетер во претставата „Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс. Тогаш имала само 7 години.
Во 2000 година студирала танцување три години на Балетакадемијан (Балетска академија) во Гетеборг.
Во 2005 година, таа ја добила улогата „Софи“ во мјузиклот „Мама Миа!“ од Бени Андерсон и Бјорн Улвеус. Работела во ансамблот две и пол години, потоа во Циркус во Стокхолм и во Скандинавиум во Гетеборг. Таа ја играла улогата на Софи скоро 60 пати и играла со ѕвезди како Гунила Бакман, Рубен Салмандер и Бенгт Баулер.
Сара Далгрен исто така учествувала во придружните вокали на филмот Мама Миа каде глуми Мерил Стрип во улогата на „Дона“.
Во 2010 година го издала својот албум „Ангелите плачат кога хероите лажат“.
Дискографија
уреди- "Мама миа!" (Официјален албум за шведскиот ансамбл)
- Ангелите плачат кога хероите лажат (соло албум)
- Мама миа! Саундтрак на филмот