Ана Каролина Одел (родена на 3 октомври 1973 година) е шведска уметница и филмска режисерка. Таа освоила две награди Гулдбаге во 2014 година за нејзиниот филм „Собирот“ во категориите Најдобар филм и Најдобро сценарио. Во 2009 година, нејзиниот филм „Непозната, жена 2009-349701 добил големо внимание откако таа лажирала и снимила обид за самоубиство во Лилјехолмсброн во Стокхолм, како дел од филмот. Двата филма во кои учествувала - „Собирот“ и „Амалимбо“ се номинирани во категории и претставени на филмскиот фестивал во Венеција.

Ана Одел
Роден(а)3 октомври 1973(1973-10-03)(51 г.)
НационалностШвеѓанка
ОбразованиеГерлесборгшкул (Gerlesborgsschool)
УстановаКонстфак универзитет за уметност, занаетчиство и дизајн
Значајни делаСобирот (The Reunion)
НаградиДве Гулдбаге награди

Детство

уреди

Одел студирала во училиштето Герлезборг во Танум, Констфак универзитетот за уметност, занаетчиство и дизајн и на Kungliga Konsthögskolan во Стокхолм.[1]

Кариера и контроверзии

уреди

Филмот Okänd, kvinna 2009-349701 (англиски: Непозната, жена 2009-349701) бил студентски труд на Одел за време на студиите во Konstfack.[2] Уметничкиот филм бил дел од изложбата на Констфак за 2009 година и исто така бил прикажан истата година во Калмарс Констмузеум.[3] Уметничкиот филм е направен за да се реконструира сопствениот психолошки распад на Одел во 1995 година, не како терапија, туку за да се докажат структурите на моќта во здравството и гледиштето на шведското општество за психолошките болести.[4]

Снимката на уметничкиот филм довел до контроверзии. На 21 јануари 2009 година, Одел на Лиљехолмсброн во Стокхолм организирала сопствен лажиран обид за самоубиство и психолошки слом и психоза.[5][6] Полицијата ја однела на психијатриско лекување во болницата S:t Görans во Стокхолм.[7] Следниот ден таа им открила на вработените во болницата дека ги лажирала своите ментални болести за нејзиниот уметнички филм. [8]

Постапките на Одел за време на снимањето биле критикувани од Дејвид Еберхард, во тоа време шеф на болницата.[9] Одел исто така била критикувана затоа што користела ресурси во болницата што можеле да се искористат кај вистински ментално болни кои барале помош истата вечер.[10] Таа била обвинета за насилен отпор при апсење на полицијата и за лажен повик за помош.[11] Судот ја прогласил Одел за виновна и и изрекол парична казна од 2,500 круни.[12] Намалената казна била затоа што судовите сметале дека таа нема кривична намера во своите постапки.[13] Таа не ја обжалила казната.[14]

Во 2013 година, Одел дебитирала како режисер со филмот „Собирот“. Филмот ги опфаќа темите на малтретирање, структурите на моќ во општеството и нездравата хиерархија во училиштата.[15] Одел донела многу свои искуства од сопственото училишно време, а исто така и искуства од нејзината училишна средба.[16] Филмот ја имал својата премиера на филмскиот фестивал во Венеција истата година. Филмот ја имал својата шведска премиера на 15 ноември 2013 година и добил позитивни критики. Филмот освоил и две награди Гулдбаге за најдобар филм и најдобро сценарио.[17]

Во 2016 година, таа дала гласовна улога во анимираниот краток филм „Амалимбо“ од Хуан Пабло Либосарт, а филмот бил номиниран во категоријата краток филм на филмскиот фестивал во Венеција во 2016 година.[18]

Во 2018 година, Одел режирала и играла една од главните улоги во филмот во кој се играла себеси, наречен X & Y, заедно со колегите Микаел Персбрант и Шанти Рони.[19][20] Филмот е снимен во Тролхотан.[21]

Филмографија

уреди
  • Okänd, kvinna 2009-349701 (Непозната, жена 2009-349701), 2009
  • The Reunion (Собирот), 2013
  • X & Y, 2018

Наводи

уреди
  1. „Flera skandaler på konstskolor“. Dagens Nyheter. Посетено на 26 September 2014.
  2. „Did Anna Odell's faked psychosis have any artistic merit?“. The Local. Посетено на 26 September 2014.
  3. „Anna Odell till Kalmar konstmuseum“. Barometern Oskarshamns-Tidningen. Архивирано од изворникот на 15 June 2009. Посетено на 26 September 2014.
  4. "Anna Odell ger alla psykiskt sjuka hopp" – Brännpunkt“. Svenska Dagbladet. Архивирано од изворникот на 1 July 2013. Посетено на 26 September 2014.
  5. „Anna Odell: "Vad är det egentligen alla är så rädda för?". Dagens Nyheter. Посетено на 1 October 2014.
  6. „Anna Odell: "Jag tror att jag på bron hittade tillbaka". Dagens Nyheter. Посетено на 1 October 2014.
  7. „Anna Odell spelade sig själv“. Dagens Nyheter. Архивирано од изворникот на 4 October 2009. Посетено на 26 September 2014.
  8. „Odell: "Jag har inte skadat psykvården". Svenska Dagbladet. Архивирано од изворникот на 15 July 2014. Посетено на 26 September 2014.
  9. „Överläkaren David Eberhard: "Konstfackseleven borde klippa sig och skaffa sig ett jobb". Dagens Nyheter. Посетено на 26 September 2014.
  10. „Anna Odell spelade sig själv“. Dagens Nyheter. Посетено на 26 September 2014.
  11. 'Psychotic' art student charged for fake suicide“. The Local. Посетено на 26 September 2014.
  12. „Anna Odell: Personlig assistans hjalpte mig tillbaka“. Foraldrakraft. Архивирано од изворникот на 15 March 2015. Посетено на 15 March 2015.
  13. „Odell dömd till dagsböter“. Dagens Nyheter. Архивирано од изворникот на 4 October 2009. Посетено на 26 September 2014.
  14. „Anna Odell överklagar inte“. Dagens Nyheter. Посетено на 26 September 2014.
  15. „Odell: Förlorade tron på mig själv och blev en tönt“. Sveriges Television. Посетено на 26 September 2014.
  16. „Tidningen Kulturen – nyhetstidning med kulturell prägel – Film: Återträffen; Regi och manus: Anna Odell“. Архивирано од изворникот на 2014-10-06. Посетено на 1 October 2014.
  17. „Anna Odells baggeladdade kväll“. Dagens Nyheter. Посетено на 26 September 2014.
  18. „Anna Odell tillbaka i Venedig – som tecknad figur - Filmbloggen“. Aftonbladet. 5 September 2016. Посетено на 11 January 2018.
  19. „Anna Odell: Jag har alltid varit rädd för män som är väldigt mycket män - DN.SE“. Dagens Nyheter. 7 December 2017. Посетено на 11 January 2018.
  20. „Anna Odell: "Jag har ju varit känd som den galna konstnären". Arbetarbladet. Посетено на 11 January 2018.
  21. Nyheter, SVT. „Anna Odell gör film med Mikael Persbrandt“. Sveriges Television. Посетено на 11 January 2018.