Викторија Бенедиктсон

Викторија Бенедиктсон (6 март 1850 во Дом - 21 јули 1888) била шведска писателка. Родена е како Викторија Марија Брузелиус во Дом, село во провинцијата Сканија. Таа пишувала под псевдонимот Ернст Алгрен.

ЖивотописУреди

Бенедиктсон пораснала на фарма во Шведска. На 21 година се омажила за 49-годишен вдовец од Херби. Таа, заедно со Аугуст Стриндберг, се смета за еден од најголемите поборници на шведскиот реалистички стил на пишување. Во нејзините романи таа ја опишувала нееднаквоста во бракот и често во нејзините дела дебатирала за проблемите поврзани со правата на жените. Современите критичари ја сметаат за рана феминистка; порано фокусот бил ставен на нејзината љубовна врска со Георг Брандес.[1]

Таа извршила самоубиство во соба во хотелот Леополд на Ховедвагтсгаде - во близина на Конгенс Ниторв во Копенхаген.[2]

НаводиУреди

  1. „skbl.se – Victoria Maria Benedictsson“. skbl.se. Посетено на September 13, 2019.
  2. A Brief Biography of Victoria Benedictsson