Еба фон Екерман
Еба Јохана Сесилија фон Екерман моминско фон Халвил (21 мај 1866 - 16 октомври 1960) — шведска активистка за женски права.
Еба фон Екерман била ќерка на Валтер и Вилхелмина фон Халвил и сестра на Елен Роусвал фон Халвил. Таа била студентка на Валинската школа во 1882-84 година и имала желба да продолжи да студира архитектура на универзитет; нејзините родители, сепак, не се согласиле и сакале таа да го следи обичајот, и наместо тоа, таа била воведена во високото општество да најде маж.[1] Во 1886 година се омажила за {{благородништво|благородникот]] офицер и дворјанин Вилхелм фон Екерман.
Фон Екерман е позната по собирите што ги организирала меѓу образованите жени и жените од работничката класа во нејзиниот дом: целта била жените од различни класи да се запознаат и да учат едни од други. Таа била централна фигура за феминистките и активистите за правата на жените во поконзервативните десничарски кругови.
Наводи
уреди- ↑ Ebba Johanna Cecilia von Eckermann, www.skbl.se/sv/artikel/EbbavonEckermann, Svenskt kvinnobiografiskt lexikon (artikel av Ann-Marie Petersson), hämtad 2018-07-27.