Сијче Андонова (родена на 27 ноември 1992 година) — македонска фудбалерка која игра како дефанзивец или играч за врска, за Блау-Вајс Хоен Нојендорф од германската Втора бундеслига и репрезентацијата на Македонија.[1] Нејзината помала сестра Наташа игра во Шпанија за ФК Барселона Фемени.

Сијче Андонова
Лични податоци
Роден на 14 декември 1995(1995-12-14)(29 г.)
Роден во Неготино, Македонија
Држава Македонија Македонија
Позиција средина
Клупски податоци
Сегашен клуб Блау-Вајс Хоен Нојендорф
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
204-2008 ЖФК Тиквешанка 0 (0)
2010 ЖФК Борец Велес 0 (0)
2011-2013 Турбине Потсдам II 0 (0)
2013- Блау-Вајс Хоен Нојендорф 0 (0)
Репрезентација
2009- Македонија Македонија 27 (0)

Андонова ја започнала својата фудбалска кариера во Македонија за ЖФК Тиквешанка. Во 2008 година играла за македонскиот шампион Шкипоњат во Лигата на шампионите. Откако одиграла два од трите натпревари во квалификацискиот циклус, таа се вратила во претходниот клуб. Со Тиквешанка ја освоила македонската лига и двојниот куп во 2009 година. Повторно играла со својот тим во Лигата на шампионите, но не можела да се квалификува во второто коло. По ова, таа се преселила во Борец Велес, ја освоила двојната лига и куп во 2010 година и учествувала во уште една неуспешна квалификациска рунда во Лигата на шампионите.

Во есента 2010 година, таа и нејзината сестра Наташа отпатувале во Германија и на 1 јануари 2011 година потпишале за германскиот шампион во Фрауен-Бундеслигата и носител на Лигата на шампионите, Турбине Потсдам. Со Турбине таа одиграла 27 натпревари за две и пол години за вториот тим во германската Втора Бундес лига. Во летото 2013 година, таа се префрлила во Блау-Вајс Хоен Нојендорф.

Наводи

уреди
  1. Profile in UEFA's website