Лила Стојановска
Лила Стојановска или само Лила (Гетеборг, Шведска 15 октомври 1961)[1][2] — македонска телевизиска водителка. Таа има одлична соработка со Јовица Наумчевски, Раде Нуневски, Илија Филиповски, Ѓоко Јовиќ, Ефто Пупиновски, Виолета Томовска, Марјан Коцев, Ванчо Тарабунов, Нино Величковски, Виданка Ѓорѓиевска, Група Академци и Група Биоритам.
Лила Стојановска | ||
Родена | 15 октомври 1961 Гетеборг, Шведска | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Занимање | водителка | |
Деца | Филип Филиповски |
Животопис
уредиЛила е родена во Шведска, каде што живеела 12 години. Нејзиното семејство потекнува од скопското село Виниче.[3] Стојановска има завршено средно медицинско училиште во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, и студирала на насоката Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј,[4] а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.[5]
Кариера
уредиНејзините почетоци во работата се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги направила првите водителски чекори.
Лила краток период се занимавала и со музика, најпрво во дует варијанта со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло песните: „Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Кам, бејби кам“. По разводот со својот тогашен сопруг Орце Димитровски, некогашен водач на групата „Ариа“ и нивниот музички излет на фестивалот „Охридски трубадури“, таа ја баталила музичката кариера, целосно посветувајќи му се на она, во што е неприкосновена – ТВ водителството.[6]
Нејзината популарност ескалирала со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“. Наредните години водела ток-шоуа и забавни емисии, еден од нив бил „Таму кај што си” со Мишко Барзов, а последниве години повторно се вратила на својата прва љубов – квизот. Последниве години, речиси една деценија, го води квиз-шоуто „Сè или нешто“, на ТВ Сител.[7] После подолга пауза од музиката во 2021 година, Лила повторно се враќа со нова песна, насловена како: "Тешко мене сотебе" која ја пее во дует со поп пејачот "Филип Пешевски".
Таа во неколку рекламни спотови, се појавува заедно со познатиот фитнес-модел Стефан Спирковски.
Наводи
уреди- ↑ „(Фото) Лила се потсети на мајка ѝ, кога како дете живееле во Шведска“. Reporter.mk. 2020-02-04. Посетено на 2021-03-23.
- ↑ „Лила со роденденско селфи“. zase.mk. Посетено на 2020-10-01.
- ↑ „За ова место ја врзуваат многу спомени: Лила го посети родното село на нејзиниот татко (фото)“. Vistina.mk. Архивирано од изворникот на 2020-10-01. Посетено на 2020-10-01.
- ↑ Kalanoska, Biljana Nasteska. „Интервју Лила Стојановска "За да бидеш горд со детето, треба да бидеш прво горд сам со себе" | Hybread“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-02-09. Посетено на 2020-10-01.
- ↑ „ФОТО: Еве што мисли Лила Филиповска за бракот?“. zase.mk. Посетено на 2020-10-01.
- ↑ „Најпознатата македонска ТВ водителка ќе прави нова кариера на „стара слава": Лила му се враќа на пеењето? (ВИДЕО)“. Vistina.mk. Архивирано од изворникот на 2021-06-14. Посетено на 2020-10-01.
- ↑ „Со годините се поубава: Вака изгледаше Лила пред две децении (фото)“. Vistina.mk. Архивирано од изворникот на 2020-10-21. Посетено на 2020-10-01.