Луиза Хамарстрем
Луиза (Ловиса) Катарина Хамарстрем (25 мај 1849 – 5 ноември 1917), била шведска хемичарка. Таа била првата формално обучена и образована жена шведска хемичарка.[1]
Луиз Хамарстрем била ќерка на викар. Останала сираче на рана возраст, таа пораснала во Железарница во Даларна, во централна Шведска, каде што се заинтересирала за хемиски супстанции. Била студентка на Констфак, студирала хемија на приватни часови и во 1875 била вработена во лабораторијата на инженерот Вернер Кронквист во Стокхолм, каде била активна како асистент во 1876-1881 година.[1] Таа тогаш била активна како хемичарка за минерали во Железарница на Бангро (1881-1887), Фагерста (1887-1891) и Скишитан (1891-1893). Во 1893 година, таа отворила своја сопствена лабораторија, во која првенствено била насочена кон минерали и геолошки студии.
Извори
уреди- ↑ 1,0 1,1 Louise Hammarström Архивирано на 31 август 2021 г. (шведски јазик)
- Луиза Хамарстрем Идун (списание), бр. 47, 1885 година Архивирано на 31 август 2021 г. (шведски јазик)