Фортеса Хоти
Фортеса Хоти (родена на 6 декември 1988 година во село Полац Скендерај, Косово) е албанска - шведска глумица. Таа е позната по улогата на Роксана Нилсон во драмската серија на Шведската телевизија, „Андра Авенин“ (2007). Била една од победниците на емитуваниот натпревар за тинејџерски улоги. Таа ја прескокнала последната година од училиште за да ја земе улогата, но се надевала дека подоцна ќе се врати на образованието. Била номинирана за најдобра глумица и за 2007 и за 2008 година од страна на весникот „Афтонбладет“.
Пристигнала во Шведска со своето семејство во 1992 година и сега живее во Гетеборг. Во јуни 2009 година, Фортеса започна со снимање на филмот Орион, кој треба да излезе во 2010 година.
Филмографија
уреди- 2007 година - Втора авенија
- 2007 година - Чао Бела
- 2010 година - Орион како Ана
Извори
уреди- „Swedish Television site for Fortesa Hoti“. Архивирано од изворникот на April 19, 2008.
- „Interview in Swedish with Fortesa Hoti“. Архивирано од изворникот на July 25, 2011.
- „The movie Orion“.