787
< 7 век | 8 век | 9 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
787 (DCCLXXXVII) — година според општоприфатениот календар. Таа била 787 година од новата ера, 787. од првиот милениум, 87. од VIII век и осма од 780-тите. Оваа година била определена како 787 уште од почетокот на средновековниот период, кога календарската ера Anno Domini стана најраспространетиот метод во Европа за определување на годините.
Грегоријански календар | 787 DCCLXXXVII |
Ab urbe condita | 1540 |
Ерменски календар | 236 ԹՎ ՄԼԶ |
Асирски календар | 5537 |
Балиски календар | 708–709 |
Бенгалски календар | 194 |
Берберски календар | 1737 |
Будистички календар | 1331 |
Бурмански календар | 149 |
Византиски календар | 6295–6296 |
Кинески календар | 丙寅年 (огн. тигар) 3483 или 3423 — до — 丁卯年 (огн. зајак) 3484 или 3424 |
Коптски календар | 503–504 |
Етиопски календар | 779–780 |
Еврејски календар | 4547–4548 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 843–844 |
- Сачка ера | 708–709 |
- Кали-југа | 3887–3888 |
Холоценски календар | 10787 |
Ирански календар | 165–166 |
Исламски календар | 170–171 |
Јапонски календар | Енрјаку 6 (延暦6年) |
Јавански календар | 682–683 |
Јулијански календар | 787 DCCLXXXVII |
Корејски календар | 3120 |
Мингуо-календар | 1125 пред Р. Кина 民前1125年 |
Нанакшахи | −681 |
Селевкидски календар | 1098/1099 г.г. |
Тајландски сончев календар | 1329–1330 |
Тибетски календар | 阳火虎年 (машки оган-тигар) 913 или 532 или −240 — до — 阴火兔年 (женски оган-зајак) 914 или 533 или −239 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6295 и 6296 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5537 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4547 и 4548 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1540.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 787 година се протега во 3423 и 3424, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3483 и 3484 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1330. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 170 и 171 исламска година.
Настани
уредиСпоред место
уредиВизантиско Царство
уреди- Царицата Ирина испраќа византиска експедијарна армија да ја нападне јужна Италија, но таа е поразена и прогонета (по налог на папата Адријан I) од страна на франачката војска, во сојуз со Беневенто. Ирина ја откажа свршувачката (види 782) помеѓу нејзиниот син Константин VI и франачката принцеза Ротруда, ќерката на кралот Карло Велики.
Европа
уреди- Август 26 – Арехис II, автономниот принц (или војвода) на Беневенто, почина. Гримоалд III, земен како заложник од страна на Франките, го наследи престолот од својот татко како владетел на Беневенто.
- Маурицио Галбајо, дож на Венеција, умира по 22-годишно владеење и е наследен од страна на неговиот син Џон, кој започнува освета против патријархот на Градо (Италија).
Британија
уреди- Викиншкиот напад на Портленд во Дорсет бил прв од овој вид во Британските Острови за кој постои документација, вклучувајќи ја и Ирска. Ривот на Дорчестер (локален функционер од висок ранг) оди да ги поздрави Викинзите, мислејќи дека се скандинавски трговци. Тој бил убиен. Викиншките напади се зголемија во однос на интензитет во текот на наредните децении.[1][2][3]
- Кралевите Офа Мерсиски и Беортрик од Весекс го повикуваат Челзискиот синод во Кент, на кој присуствувале папските легати. Таму, Офа ги наговара папските легати да му дадат архиепископски статус на мерсијскиот бискуп на Личфилд. Со цел да го обезбеди кралскиот ред, тој го натера Хигберт да го круниса неговиот син Егфрит во Бриксвурт.
Африка
уреди- По повеќе од 25 години крвав конфликт, абасидската војска повторно ја освои целата територија на Магреб (Северна Африка).[4]
Според тема
уредиРелигија
уреди- Вториот никејски собор: царицата Ирина го враќа почитувањето на иконите (слики на Христос и светците). Ова претставува голема победа за монасите, кои ќе ги унапредат тврдењата за целосна слобода на Источната православна црква во однос на религиозните прашања. Со ова завршува иконоборниот период на Византиското Царство.
Родени
уреди- Абу Машар ан-Балкхи, муслимански научник и астролог (приближен датум)
- Ли Деју, канцелар на династијата Танг (почина во 850)
- Мухамед ибн Харун ал-Амин, муслимански калиф (почина во 813)
Починати
уредиНаводи
уреди- ↑ Rees, Rosemary (2002). The Vikings. Heinemann. стр. 45. ISBN 9781403401007.
- ↑ Sprague, Martina (2007). Norse Warfare: The Unconventional Battle Strategies of the Ancient Vikings. Hippocrene. стр. 10. ISBN 9780781811767.
- ↑ Wales, Katie (2006). Northern English: A Social and Cultural History. Cambridge UP. стр. 53. ISBN 9781139457057.
- ↑ Gilbert Meynier (2010) L'Algérie cœur du Maghreb classique. De l'ouverture islamo-arabe au repli (658-1518). Paris: La Découverte; pp.25.