Монах
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Монаси[1] или калуѓери[2] се лица кои по сопствена волја и по Божjи благослов стапиле во манастир.

«Монах» од старогрчки: μοναχός од μόνος = «еден», или «калугер» од καλό(ς)-γῆρος = «добар старец». Се појавуваат монасите за време на гонењето на христијаните, некои толку свикнале на одвоен живот од другите луѓе што и понатаму останале во пустините. Воглавно постојат два вида на монаштво: анхоретски или пустински; и општожитие. Како Татко на монаштвото се зема св. Антониј Велики и св. Пахомиј Велики. Се поминува извесно време во послушание (искушеништво). Задолжително под надзор од духовен отец. После се постригува во мала схима и веќе е монах. Поради огромниот авторитет, епископите ги земаат за свои советнници; тоа се сингели, протосингели, и од нив се бираат кандидати за Епископ од монасите. Полагаат три завети при замонашувањето: сиромаштво, безбрачност и беспрекорно послушание. Во манастирот главен е Игумен, а во поголемите Архимандрит, постојат и кај нив напредувања како: свештеноѓакон(=јероѓакон), свештеномонах(=јеромонах)и друго. Целта на монахот е да се моли за сите луѓе. Кога црквата била во искушение било од византиските цареви или од други, монасите се јавуваат како бескомпромисни борци и голем од нив и маченички пострадале.
Калуѓерите како мотив во уметноста и во популарната култураУреди
- „Песните на еден калуѓер“ (Песме једног калуђера) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ - Змај.[3]
- „Монах стои пред портите манастирски“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[4]
- „Откачени калуѓери“ (англиски: Funky monks) - песна на американската рок-група „Ред хот чили пеперс“ (Red Hot Chili Peppers) од 1991 година.[5]
НаводиУреди
- ↑ „монах“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „калуѓер“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Јован Јовановиħ Змај, Песме. Београд: Рад, 1963, стр. 209-215.
- ↑ Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 95.
- ↑ Discogs, Red Hot Chili Peppers – Blood Sugar Sex Magik (пристапено на 8 март 2021)