Ирина (византиска царица)

византиска царица

Ирина I Атињанка (грчки: Εἰρήνη ἡ Ἀθηναία; околу 752 г. – 9 август 803 г.) — византиска царица од 797 до 802 година. Пред официјално да стане царица, Ирина била сопруга на царот Лав IV од 775 до 780 година и регент од 780 до 797 година.

Ирина
Царица на Византија
Овој солид ја прикажува Ирина
На престол797–802
ПретходникКонстантин VI
НаследникНикифор I
Роден(а)околу 752
Починал(а)9 август 803 (возраст 51)
СопружникЛав IV
ДецаКонстантин VI
ДинастијаИсавријанова

Ран живот и подем

уреди

Ирина била поврзана со грчкото благородничко семејство Сарантапех од Атина. Иако била сираче, нејзиниот вујко или братучед Константин Сарантапехос бил патрициј и веројатно стратег на темата Елада на крајот на VIII век. Била донесена во Цариград од царот Константин V на 1 ноември 768 година и била омажена со неговиот син Лав IV на 17 декември. Иако изгледала дека доаѓа од благородничко семејство, не постоела јасна причина зашто била одбрана за невеста на Лав, доведувајќи некои научници да шпекулираат дека била избрана преку смотра на девојки, каде млади девојки парадирале пред младоженецот пред да биде избрана една од нив.

На 14 јануари 771 година, Ирина родила син, идниот Константин VI. Кога Константин V умрел во септември 775 година, Лав бил назначен на престолот на возраст од 25 години. Лав, иако бил иконоборец, ја спроведувал политиката на умереност кон иконопочитувачите, но неговите политики станел поостри во август 780 година, кога бројни луѓе биле казнаети за иконопочитување. Според верувањето, открил икони скриени помеѓу предметите на Ирина и одбивал да го спие со нејзе после тоа. Сепак, кога Лав умрел на 8 септември 780 година, Ирина станала регент за нивниот деветгодишен син Константин.

Ирина била скоро веднаш вплеткана со заговор за кој слушнала дека ќе го носи на престолот цезарот Никифор, полубрат на Лав IV. За да го надмине овој предизвик, Никифор и неговите соработници ги поставиле за свештеници, статус кој ги дисквалификувал од владеење.

Веќе од 781 година, Ирина започнала да бара поблиска врска со Каролинзите и папата во Рим. Таа преговорала за брак помеѓу нејзиниот син Константин и Ротруда, ќерка на Карло Велики од неговата трета жена Хилдегард. Во текот на ова време, Карло Велики бил во војна со Сасите и подоцна станал нов крал на Франките. Ирина отишла дотаму што свој член да ја подучува франкската принцеза грчки; меѓутоа, самата Ирина ја растурила веридбата во 787 година, против желбите на својот син.

Ирина морала да го запре бунтот предводен од Елпидиј, стратег на Сицилија, чие семејство бил мачено и затворено кога била испратена флота, која успешно ги поразила Сицилијците. Елпидиј побегнал во Африка, каде пребегнал во Абасидскиот калифат. По успехот на генералот на Константин V, Михаел Лаханодракон, кој ги одбил нападите на Абасидите на источните граници, огромна војска на Абасидите под водство на Харун ел Рашид ја освоил Анадолија во летото 782 година. Стратезите на Букеларии, Тацат, пребегнал кај Абасидите и Ирина се согласила да им плаќа годишна такса од 70.000 или 90.000 динари на Абасидите за тригодишна примирје, да им даде 10.000 свилена облека и да ги обезбеди со еснафи, провизии и пристап до пазарите во текот на нивното повлекување.

Власт и решавање на иконоборската контроверза

уреди
 
Златен солид на Ирина, 797–802, Цариград.

Најзначаен чин на Ирина било обновата на почитувањето на иконите (слики на Христос или светците). Избирајќи го Тарасиј, еден од нејзините членови и поранешен секретар, за патријарх во 784 година, таа свикала два црковни собори. Првиот од нив, одржан во 786 година во Цариград, бил осуетен од спротивставените војници верни на споменот на иконоборските цареви. Вториот, одржан во Никеја во 787 година, службено го обновил почитувањето на иконите и ја споил Источната црква со таа во Рим.[1] (Видете: Седми вселенски собор.)

Додека ова силно ги подобрило врските со Папството, не ја спречило војната со Франките, кои ја презеле Истра и Беневенто во 788 година. Во духот на овие настани, воените напори на Ирина имала некој успех: во 782 година нејзиниот омилен член, Ставракиј ги потиснал Словените на Балканот и довело до поставување на византиското ширење и повторна хеленизација на областа. Сепак, Ирина била постојано напаѓана од Абасидите и во 782 и 798 година морале да ги прифати условите на соодветните калифи Ел Махди и Ел Рашид.

Кога Константин се приближил до полнолетството започнал да станува нестрплив за негово аристократско поставување. Обидот самиот преку сила да дојде на власт бил пресретнат и запрен од царицата, која барала дека заклетвата на верност треба да биде дадена на нејзе. Поради сите случувања, во 790 година преминало во отворен отпор и војниците, предводените од Арменијакон, официјално го прогласиле Константин VI за единствен владетел.

Помеѓу Константин и Ирина било одржувано привидно пријателство, чија титула на царица била потврдена во 792 година; но соперничките фракции останале, а во 797 година Ирина, со вешти интриги со епископите и членовите на царот, организирала заговор во нејзина корист. Константин можел единствено да бара помош во покраините, но дури и таму учесниците во заговорот го опкружиле. Со неговите членови на азискиот брег на Босфор, Константин се вратил во дворецот во Цариград. Неговите очи биле извадени и умрел од неговите рани неколку дена подоцна. Затемнувањето на Сонцето и темнината траела 17 дена и било посочено на хоророт од пеколот.

Иако постојат мислења дека, како владетел, Ирина самата се нарекувала „цар“ (basileus; βασιλεύς), наместо „царица“ (basilissa; βασίλισσα), всушност постојат само три документи каде е познато дека ја користела титулата „basileus“: два правни документи во кои се потпишала како „Цар на Римјаните“ и златна монета од нејзе најдена во Сицилија со титулата „basileus“. Во врска со монетата, буквите се со слаб квалитет и не може да се каже со сигурно. Таа ја користела титулата „basilissa“ во сите други документи, монети и печати.[2]

Наследство

уреди
 
Одбивајќи да го признае поставување на Ирина, Папата Лав III го крунисал Карло Велики како свет римски цар.

Ирина владеела пет години, од 797 до 802 година. папата Лав III, на кој му требало помош против непријателите во Рим и кој го видел престолот во Византија како празен (недостигајќи машки член), го крунисал Карло Велики како свет римски цар во 800 година. Ова било видено како навреда за Источното Римско Царство. Сепак, Ирина настојувала за брак помеѓу нејзе и Карло Велики, но според Теофан Исповедникот, кој го спомнува, настанот бил откажан од Етиј, еден од нејзините членови.[3]

Во 802 година, патрициите спремиле заговор против нејзе и на престолот го поставиле Никифор, министерот за финансии. Ирина била избркана на Лезбос и приморана да се прехранува со ткаење. Умрела следната година.

Нејзината преданост во враќањето на иконите и манастирите направиле Теодор Студит да ја обожува нејзе како светица[4] на Источната црква, но таа не била канонизирана. Тврдењата за нејзиното наводно канонизирање се главно од западните извори.[5] Такви тврдења не се поддржани од Минејата (официјалната литургиска книга за светците во Православната црква), „Животите на Светците“ од Никодим Светогорец или некоја друга книга во православието.

Семејство

уреди

Со нејзиниот брак со царот Лав IV Хазар, Ирина имал само еден син Константин VI, кого го наследила на престолот. Роднината на Ирина, Теофано била избрана во 807 година од царот Никифор I за невеста на неговиот син и наследник Ставрикиј. Неименувана роднина била омажена со бугарскиот владетел Телериг во 776 година. Ирина исто така имала внук.[6]

Наводи

уреди
  1. Видете: Alexander, et al., p. 423.
  2. Liz James, "Men, Women, Eunuchs: Gender, Sex, and Power" in "A Social History of Byzantium" (J. Haldon, ed.) pp. 45,46; published 2009; ISBN 978-1-4051-3241-1
  3. Видете Гарланд, стр. 89, кој објаснува дека Етиј сакал да ја искористи моќта во корист на неговиот брат Лав.
  4. Theodori Studitae Epistulae, Volume 2 (Berlin, 1992).
  5. Vita Irenes, 'La vie de l'impératrice Sainte Irène', ed. F. Halkin, Analecta Bollandiana, 106 (1988) 5–27; see also W.T. Treadgold, 'The Unpublished Saint's Life of the Empress Irene', Byzantinische Forschungen, 7 (1982) 237–51.
  6. Herrin, p. 56, 70, 134.

Надворешни врски

уреди

Главни извори

Други извори

  • Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, 1991.
  • Alexander, Archibald, and André Lagarde, Joseph Turmel. The Latin Church in the Middle Ages, C. Scribner's Sons, 1915.
  • Barbe, Dominique. Irène de Byzance: La femme empereur, Paris, 1990.
  • Sir Steven Runciman. "The Empress Irene." Conspectus of History 1.1 (1974): 1–11.
  •   Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)
  • Herrin, Judith (2001). Women in Purple:Rulers of Medieval Byzantium. London: Phoenix Press. ISBN 1-84212-529-X.
  • Garland, Lynda (1999). Byzantine Empresses: Women and Power in Byzantium, AD 527–1204. London: Routledge. ISBN 0-415-14688-7.
  • Wace, Henry and William Smith, A Dictionary of Christian Biography, Literature, Sects and Doctrines, J. Murray, 1882.
Ирина (византиска царица)
Роден(а): околу 752 Починал(а): 9 август 803
Владејачки титули
Претходник
Константин VI
Византиска царица
797–802
Наследник
Никифор I
Претходник
Евдокија
Византиски сопруги на царевите
775–780
Наследник
Марија Амниска