Иван I Данилович Калита (рус. Ива́н I Дани́лович Калита́) — кнез на Московското Кнежевство (1325-1340) и голем кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство (1328-1340). Тој е син на московскиот кнез Даниел Московски и брат на големиот кнез Јуриј III.

Иван Калита
Голем кнез на Москва
На престол21 ноември 1325 – 31 март 1340
ПретходникЈуриј I
НаследникСимеон Гордиот
Роден(а)1288
Москва
Починал(а)31 март 1340
{Москва
Почивалиште
ВладетелЕлена
Александра
ДецаСимеон
Данил
Фефинија
Марија
Иван II
Андреј
Евдоксија
Федосија
Марија
династијаРуриковичи
ТаткоДаниел Московски
МајкаМарија
Вероисповедправославие

Животопис

уреди

Иван I бил малиот син на Даниел. Кога починал неговиот постар брат Јуриј, тој не оставил наследник па во 1325 година тој станал негов наследник, кое било потврдено и од страна на монголскиот хан. Тој продолжил со борбите против големиот тверски кнез за наследството на Владимирското кнежевство. Во негово време со помош на Златната орда бил заземен Владимир и во 1331 година тој го присоединил Владимир кон својата територија. Тоа станало кога помалите кнежевства како Твер, Новгород и Рјазањ одбиле да плаќаат данок на Златната орда. По ова следувало предупредување од Златната орда дека неговите територијални претензии треба да престанат.

Немајќи избор, остатокот од своето владеење Иван го провел мудро користејќи ја својата финансиска моќ. Москва и понатаму продолжила да плаќа годишен данок а од друга страна пак, дел од малите кнежевства плаќале на Московското Кнежевство. Тој многу бргу успеал да го прекрши договорот за проширување на своите територии со Монголците. Иван I успеал да го убеди на рускиот патријарх Максим да ја премести својата престолнина најпрвин од Киев во Владимир, бидејќи градот бил разрушен претходно од страна на татарите. Наследникот на Максим, Петар ги помагал московските кнезови во борбата со Твер, и долго време живеел во Москва каде ја изградил Успенската катедрала. Изградба на соборниот храм започнала на 4 август 1326 година, а катедрала била завршена и осветена на 4 август 1327 година. Во тоа време градот Москва станал престолнина на Владимирско-суздаљското Кнежевство, а подоцна и на Киевска Русија.

Иван I продолжил со проширување на своите територии преку купување на неколку области како Новгород, Владимир и Ростов.

Надворешни врски

уреди
Руски владетели
Руски кнезови и цареви (1283–1547) Даниел МосковскиЈуриј IIIИван IСимеонИван IIДмитриј ДонскиВасилиј IВасилиј IIИван IIIВасилиј IIIИван IVФјодор IБорис ГодуновФјодор IIЛажен Дмитриј IВасилиј IVМихаил РомановАлексеј IФјодор IIIИван VПетар I  
Императори на Русија (1721–1917) Петар IКатерина IПетар IIАна ИвановнаИван VIЕлисавета ПетровнаПетар IIIКатерина IIПавле IАлександар IНиколај IАлександар IIАлександар IIIНиколај II  
Лидери на Советскиот Сојуз (1917–1991) Владимир ЛенинЈосиф СталинГеоргиј МаленковНикита ХрушчовЛеонид БрежневЈуриј АндроповКонстантин ЧерненкоМихаил Горбачов  
Претседатели на Русија (1991–) Борис Елцин • Владимир Путин  • Дмитриј Медведев • Владимир Путин