Список на фараони

список на статии на Викимедија
(Пренасочено од Фараони)

Оваа статија содржи список на фараони на Стариот Египет, од ранодинастичкиот период пред 3000 п.н.е. па сѐ до крајот на Птолемаидската династија, кога Египет станал римска провинција под водство на Октавијан Август во 30 п.н.е.

Типичен приказ на фараон.

Важно е да се спомене дека речиси сите дадени години се приближни. Датирањето во египтологијата има разни системи, зависно од нивната структура и претпоставки. Ова е една таква интерпретација, но сигурно не и единствената.

Архаичен период

уреди

Во Архаичниот период спаѓаат т.н. Ранодинастички период, кога Долен Египет и Горен Египет биле засебни кралства, како и Првата и Втората династија

Ранодинастички период: Долен Египет

уреди

Долен Египет, наречен уште и Црната Земја, го зафаќал северниот дел на реката Нил и неговото устие. Овој список можеби не е целосен:

Име Коментар Години
Тиу ?
Теш ?
Хсекиу ?
Вазнер о. 3100 п.н.е.?

Ранодинастички период: Горен Египет

уреди

Горен Египет, наречен уште и Црвената Земја, го зафаќал јужниот дел на реката Нил и пустините. Овој список можеби не е целосен (има уште многу за кои не се знае дали постоеле):

Име Коментар Години
Серкет I Најстара гробница кај Ум ел-Кааб имала бележја со скорпии о. 3200 п.н.е.?
Ири-Хор кралствувањето е несигурно о. 3150 п.н.е?
Ка о. 3100 п.н.е.
Крал Шкорпија Можеби се изговарало како Серкет, но ова не е сигурно; можеби тој е иста личност што и Нармер. о. 3100 п.н.е.
Нармер Кралот кој ги соединил Горен и Долен Египет о. 3100 п.н.е.

Прва династија

уреди

Првата династија која владеела од 3050 п.н.е. до 2890 п.н.е.

Име Коментар Години
Менес Можеби иста личност што и Нармер, Хор-Аха, Серкет II, или било која комбинација на тројцата. зависно од идентитетот
Хор-Аха Обединувачот на Горен и Долен Египет (дискутабилно). о. 3050 п.н.е.
Џер 41 година
Мернејт Регент наместо Ден
Џет 23 години
Ден 14 до 20 години
Анеџиб 10 години
Семерхет 9 години
Каа 2916?–2890 п.н.е.

Втора династија

уреди

Втората династија владеела од 2890 до 2686 п.н.е..

Име Коментар Години
Хотепсехемви 2890–?
Ранеб 39 години
Нинечер 40 години
Унег 8 години
Сенеџ 20 години
Сет-Перибсен 17 години
Сехемиб-Перенмаат
Хасехемуи ?–2686 п.н.е. 17 до 18 години

Старо Кралство

уреди

Старото Кралство е период во третиот милениум п.н.е. кога Египет се здобил со првиот постојан цут на цивилизациска комплексност и достигнувања (првото од трите периоди наречени „Кралства“ кои го одбележуваат врвот на развитокот на цивилизацијата во долината на Нил), кое се протега од периодот кога Египет го владеела Третата династија, па сѐ до Шестата династија (26302151 п.н.е.). Многу египтолози тука ја придодаваат и Мемфиската Седма и Осмата династија на Старото Кралство како континуитет на управувањето централизирано во Мемфис. По Старото Кралство следел период на неединство и релативен културен пад кој египтолозите го нарекуваат Прв преоден период—или, како што Египќаните го нарекувале, „првото боледување“.

Кралската престолнина за време на Старото Кралство била Мемфис, каде Џосер го воспоставил својот двор. Старото Кралство е веројатно најпознато по големиот број на изградени пирамиди. Затоа, Старото Кралство често се нарекува „Добата на пирамидите“.

Трета династија

уреди

Третата династија владеела од 2686 до 2613 п.н.е..

Име Коментар Години
Санахт 2686-2668
Џосер Ја порачал изградбата на скалестата пирамида од архитектот Имхотеп 2668–2649
Сехемхет 2649–2643
Хаба 2643–2637
Хуни 2637–2613

Четврта династија

уреди

Четвртата династија владеела од 2613 до 2498 п.н.е. и во неа спаѓаат фараоните по чии наредби се изградени големите пирамиди - Хуфу (Кеопс), Хафр (Кефрен) и Менкаур (Микерин).

Име Коментар Години
Снофру Тој ја изградил Свитканата пирамида, која е пирамида изградена под нормален агол при дното, но која драстично го менува аголот при врвот. Тој исто така ја изградил првата „вистинска“ пирамида, позната како Црвената пирамида. Едни сметаат дека тој бил погребан во Црвената, додека други сметаат дека бил погребан во Свитканата пирамида. Во црвената пирамида се најдени мошти, но нема докази дека тоа е неговото тело. 2613–2589
Хуфу старогрчки: Кеопс. Ја изградил големата пирамида кај Гиза. Раните извори велат дека тој бил „трет“ владетел од неговото семејство, иако сè уште нема записи за постоење на фараон помеѓу Снофру и Хуфу. Една претпоставка е дека можеби некој постар брат на Хуфу владеел многу кратко време, чии натписи, име и споменици ги снемало од некоја причина. 2589–2566
Џедефр (Раџедеф) 2566–2558
Хафр старогрчки: Кефрен 2558–2532
тука некои стручњаци го вметнуваат Бихерис, по Манетон
Менкаур старогрчки: Микерин 2532–2503
Шепсескаф 2503–2498
тука некои стручњаци го вметнуваат Тамптис, по Манетон

Петта династија

уреди

Петтата династија владеела од 2498 до 2345 п.н.е..

Име Коментар Години
Усеркаф 2498–2491
Сахур 2487–2477
Нефериркар Какаи 2477–2467
Шепсескар Иси 2467–2460
Неферефр 2460–2453
Ниусер Ини 2453–2422
Менкаухор Каиу 2422–2414
Џедкар Исеси 2414–2375
Унас 2375–2345

Шеста династија

уреди

Шестата династија владеела од 2345 до 2181 п.н.е..

Име Коментар Години
Тети 2345–2333
Усеркар 2333–2332
Пепи I 2332–2283
Меренр I 2283–2278
Пепи II 2278–2184
Меренр II Несигурен фараон. 2184
Нитикрет Претпоставен женски владетел. 2184–2181

Прв преоден период

уреди

Првиот преоден период е периодот помеѓу крајот на Старото Кралство и доаѓањето на Средното Кралство.

Старото Кралство пропаднало по смртта на Пепи II. Тој владеел цели 94 години, подолго од било кој друг монарх во историјата, и умрел кога имал 100 години. Подоцнежните години од неговото владеење се одликуваат со неефикасност заради неговата старост.

Обединетите кралства се разделиле на повеќе делови и владетелите морале да се справуваат со гладот како резултат на овој распад.

Околу 2160 п.н.е., нова низа фараони пробале повторно да го обединат Долен Египет од нивната престолнина Хераклепол. Но, во меѓувреме, соперничка група фараони стационирани во Теба повторно го обединувала Горен Египет и судирот помеѓу овие две династии бил неизбежен.

Околу 2055 п.н.е., потомок на фараонот Интеф III ги поразил хераклеполските фараони, ги обединил двете земји, ја основал Единаесеттата династија и владеел како Ментухотеп II, првиот фараон на Средното Кралство.

Седма и Осма династија (заедно)

уреди

Седмата и Осмата династија владееле од 2181 до 2160 п.н.е.. (Оваа табела се заснова врз Абидоската табела од храмот на Сети I, преземена од www.narmer.pl/main/abydos_en.html[мртва врска])

Име Коментар Години
Неферкар I -
Неферкар Неби -
Џедкар Шемаи -
Неферкар Хенду -
Некои стручњаци тука го вметнуваат Меренхор
Неферкамин Сенеферка -
Никара -
Неферкара Тереру -
Неферкахор -
Неферкара Пеписенеб -
Неферкамин Ану -
Какар Иби -
Неферкара II -
Неферкавхор Хувихап -
Нефериркара -

Деветта династија

уреди

Деветтата династија владеела од 2160 до 2130 п.н.е..

Име Коментар Години
Мерјибр Хети (Актохое I) 2160– ?
Марибр Хети II ?
Неферкар III ?
Небкаур (Актхое II) ?
Сетут ?
Вахар I ?
Мерикар ?
Ванхар II ?
Менетуп I ?
Ванхар III ?
Хети II ?
Ќерка на Хети II ?
Ќерка на Мерикар ? –2130

Десетта династија

уреди

Десеттата династија била локална група која го занишала Долен Египет - владеела од 2130 до 2040 п.н.е..

Име Коментар Години
Мерихатор 2130– ?
Неферкар IV ?
Ванкар (Актохое III) ?
Мерикар ?
? –2040

Единаесетта династија

уреди

Единаесеттата династија била локална група која влечела корени од Горен Египет - владеела од 2134 до 1991 п.н.е..

Име Коментар Години
Интеф I 2134–2117
Интеф II 2117–2069
Интеф III 2069–2060
Небхетепр Ментухотеп I Го добил цел Египет во 2040, почеток на Средното Кралство. 2060–2010
Санхкар Ментухотеп II 2010–1998
Небтавир Ментухотеп III 1997–1991

Средно Кралство

уреди

Средното Кралство е период од крајот на Првиот преоден период до почетокот на Вториот преоден период. Покрај Двенаесеттата династија, некои стручњаци ја ставаат Единаесеттата, Тринаесеттата и Четиринаесеттата династија во Средното Кралство. Средното Кралство се одликува со експанзија на трговијата вон самото кралство. Ова отворено тргување довело до падот на Средното Кралство, поттикнат од инвазија од Хиксите.

Дванаесетта династија

уреди

Дванаесеттата династија владеела од 1991 до 1802 п.н.е. која подоцна Египќаните ја сметале за најдобрата династија.

Име Коментар Години
Аменемхат I 1991–1962
Сенусрет I (Сесострис I) 1971–1926
Аменемхат II 1929–1895
Сенусрет II (Сесострис II) 1897–1878
Сенусрет III (Сесострис III) Најмоќниот фараон на Средното Кралство. 1878–1860
Аменемхат III 1860–1815
Аменемхат IV Барем една година владеел задно со некој друг според напис кај Коносо. 1815–1807
Собекнеферу Редок женски владетел. 1807–1803

Втор преоден период

уреди

Вториот преоден период е период на неред меѓу крајот на Средното Кралство и почетокот на Новото Кралство. Периодот е најпознат како времето во кое Хиксите се појавиле во Египет, чии владеења се состоеле од Петнаесеттата и Шеснаесеттата династија.

Тринаесеттата династија била многу послаба од Дванаесеттата династија и не можела да го задржи Египет во целост. Провинцијалното владеачко семејство во Ксоа, кај мочуриштата на западното устие, се отцепило од централната власт и ја формирало Четиринаесеттата династија.

Хиксите за првпат се појавиле за време на владеењето на Собехотеп IV, кои околу 1720 п.н.е. го зазеле градот Авара (денешен Тел ед-Даба/Хатана). Хиксите, под водство на Салита, основачот на Петнаесеттата династија, го зазеле Египет за време на Дудимос I.

Во времето кога Мемфис потпаднал под власта на Хиксите, египетската владејачка династија во Теба објавила независност и се вопоставила како Седумнаесеттата династија. Подоцна оваа династија ги потисната Хиксите назад во Азија.

Тринаесетта династија

уреди

Тринаесеттата династија (според Торинскиот папирус) владеела од 1803 до околу 1649 п.н.е. и истрајала 153 или 154 години според Манетон.

Име Коментар Години
Сехемр Хутави Собехотеп или Вегаф Основач на 13-тата династија. За неговото влаадеење сведочат неколку Нилски записи и папируси. 1803–1799 4 г.
Сехемкар Аменемхат V Сенебеф, брат на Сехемра Хутави. 3 г.
Аменемхат 1795–1792
Сехетепр ? –1790
Јуфни ?
Сеанхибр ?
Семенкар ?
Сехетепр ?
Севаџкар ?
Неџемибр 7 месеци ?
Собехотеп I ?
Ренсенеб 4 месеци о. 1775
Хор о. 1775
Сеџефакар Добро познат крал запишан на неколку стели и други документи. о. 5 до 7 г.
Сехемра Хутави Собехотеп Споредете Вегаф о. 1767
Хенџер Најмалку 4 години и 3 месеца о. 1765
Имиремешав ?
Антеф V ?
Собехотеп III 4 години и 2 месеца о. 1755
Неферхотеп I 11 години 1751–1740
Собехотеп IV 10 или 11 години 1740–1730
Собехотеп V о. 1730
Вахибр Ибиау 10 години и 8 месеци о. 1725–1714
Мернефер Аи 23 години и 8 месеци о. 1714–1691
Мерхетепр Ини 2 годинии 2 месеца ?
Сеанхенр Севадчев ?
Мерсехемр Инед ?
Севаџкар Хори ?

Местото на следниве кралеви е несигурно:

Име Коментар Години
Дудимос I о. 1654
Дудимос II ?
Сенебмив ?
Ментухотеп V ?
Сенаајеб ?

Четиринаесетта династија

уреди

Четиринаесеттата династија била локала група од источното устие, сместена во Ксоа (Авара), која владеела од околу 1705 до околу 1690 п.н.е..

Име Коментар Години
Нехеси о. 1705
Хахеревр ? ?
Небефавр о. 1704
Сехебр ? ?
Мерџефар о. 1699
Севаџкар ? ?
Небџефар о. 1694
Вебенр ? ?
? ?
—џефар ? ?
—вебенр о. 1690

Торинскиот папирус ни дава уште 25 имиња, некои нецелосни, и без ниеден датум. Ниедно од овие имиња не се јавуваат никаде на друго место, и сите се мошне сомнителни.

Петнаесетта династија

уреди

Петнаесеттата династија се јавила од Хиксите: пустински бедуини кои дошле од Плодната полумесечина и воспоставиле краткотрајна управа врз Нилскиот регион, и владееле од 1674 до 1535 п.н.е..

Име Коментар Години
Шеши Владеел или 1 или 3 години 1674- ?
Јакубхер - ?
Хиан - 30-40 години
Апепи I - 40 или повеќе години
Хамуди - ? -1535

Шеснаесетта династија

уреди

Шеснаесеттата династија била домородна група сместена на северниот брег на Синајскиот Полуостров (Пелусиум) и владеела од 1663 до околу 1555 п.н.е.:

Име Коментар Години
- името на првиот крал е загубено тука на Торинскиот папирус, и не може да се поврати. -
Џехути (Сехемресементави) 3 г.
Собехотеп VIII (Сехемресеуосертави) 16 г.
Неферхотеп III (Сехемресанхтави) 1 г.
Ментухотепи (Санхенра) 1 г.
Небирирав I (Севаџенра) 26 г.
Небирирав II 3 мес?
– (Семенра) 1 год?
Бебианх (Севосеренра) 12 год
– (Сехемрешедвасет) 3 мес?
- имињата на петте крала се загубени тука на Торинскиот папирус, и не можат да бидат повратени. -

Некои извори даваат дури шест други имиња – Семкен, Хаусер, Секет, Ахетепр, Аму и Небхепешр (Апепи III) – кои не се споменати никаде на друго место. Изгледа дека до 1555 г. п.н.е. оваа група сосема исчезнала.

Седумнаесетта династија

уреди

Седумнаесеттата династија била сместена во Горен Египет и владеела од 1650 до 1550 п.н.е.:

Име Коментар Години
Рахотеп Сехемреваххав - 1650- ?
Интеф V Постариот - 3 години
Антеф VI Сехемревепмаат - ?
Антеф VII Нубхепер -
Интеф VIII Сехемрехерхермаат - -
Собекемсаф IIСехемреваџхав - -
Тути - 1 година
Ментухотеп VI - 1 година
Небирјеравет I - 6 години
Небирјеравет II - ?
Семенмеџатр - ?
Севсеренр - 12 години
Шедваст - ?
Интеф VII - 3 или повеќе години
Тао I Постариот (т.е. Сенахтенр) - о. 1558
Тао II Храбриот - о. 1558-1554
Камос - 1554-1549

Ново Кралство

уреди

Новото Кралство е период кој ги покрива Осумнаесеттата, Деветнаесеттата и Дваесеттата династија од 16 век п.н.е. до 11 век п.н.е., помеѓу Вториот и Третиот преоден период.

Преку воената хегемонија во странство, за време на Новото Кралство Египет се проширил најмногу во својата историја. Државата се проширила длабоко во Нубија на југ, како и на големи територии на Блискиот Исток. Египетските војски се бореле со хетитски сили за превласт на денешна Сирија.

Двата најпознати крала од Новото Кралство се Ехнатон, познат и како Аменхотеп IV, чија исклучителна посветеност само на богот Атон се смета за прв пример на монотеизам, и Рамзес II, кој пробал да ги врати териториите на денешен Израел, Либан и Ситија кои Египет ги имал за време на Осумнаесеттата династија. Неговите походи резултирале со Кадешката битка, каде тој ја водел египетската војска против војската на хетитскиот крал Мватали II.

Осумнаесетта династија

уреди

Осумнаесеттата династија владеела од 1550 до 1295 п.н.е.:

Име Коментар Години
Ахмоз I Наследник на Камос, погоре. 1550-1525
Аменхотеп I - 1525-1504
Тутмос I - 1504-1492
Тутмос II - 1492-1479
Тутмос III Често нарекуван „Наполеон на Египет“. Во раниот дел од неговото владеење него го командувала неговата маќеа Хатшепсут; по нејзината смрт, тој почнал да ја шири својата власт во Левант. 1479-1425
Хатшепсут Втората жена-владетел. Статуите ја прикажуваат како маж, со лажна брада и без никаква трага на женственост. Причината за нејзината смрт е непозната. 1473-1458
Аменхотеп II - 1427-1400
Тутмос IV - 1400-1390
Аменхотеп III - 1390-1352
Аменхотеп IV/Ехнатон Основач на монотеизмот (атенизам) за кратко време. Неговото оригинално име значи „Амон е задоволен“. 1352-1336
Сменхкар Можен корегент на Ехнатон. 1338-1336
Тутанкамон Се смета дека бил син на Ехнатон; веројатно го вратил политеизмот во религијата. 1336-1327
Хеперхепрур Еје - 1327-1323
Хоремхеб Поранешен Генерален советник на Тутанкамон 1323-1295

Деветнаесетта династија

уреди

Деветнаесеттата династија владеела од 1295 до 1186 п.н.е. и во неа спаѓа еден од најголемите фараони, Рамзес II Велики:

Име Коментар Години
Рамзес I - 1295-1294
Сети I - 1294-1279
Рамзес II Велики Овој владетел обично се споменува во контекст на Мојсеј, иако за ова нема докази. Тој се израмнил со Хетитите во Кадешката битка во 1275 п.н.е. и по ова „статус кво“ морал да го потшише првиот мировен договор во историјата (1258 п.н.е.) 1279-1213
Мернептах Мернептаховата стела ги опишува неговите походи во Либија и Палестина и за првпат во историјата го споменува постоењето на Израелитите. 1213-1203
Аменмес - 1203-1200
Сети II - 1200-1194
Мернептах Сиптах - 1194-1188
Твосерт Редок женски владетел. 1188-1186

Дваесетта династија

уреди

Дваесеттата династија владеела од 1185 до 1070 п.н.е.:

Име Коментар Години
Сетнахт - 1186-1183
Рамзес III Се борел против Морските народи во 1175 п.н.е.. 1183-1152
Рамзес IV - 1152-1146
Рамзес V - 1146-1142
Рамзес VI - 1142-1134
Рамзес VII - 1134-1126
Рамзес VIII - 1126-1124
Рамзес IX - 1124-1106
Рамзес X - 1106-1102
Рамзес XI - 1102-1069

Трет преоден период

уреди

Третиот преоден период го одбележал крајот на Новото Кралство по колапсот на Египетската империја. Во овој период владееле разни династии со либиско потекло, и затоа алтернативно овој период се нарекува Либиски период.

Дваесет и прва династија

уреди

Дваесет и првата династија била сместена во Танис и била релативно слаба група. Теоретски тие биле владетели на цел Египет, но фактички нивното влијание било ограничено на Долен Египет. Владееле од 1069 до 945 п.н.е.

Име Коментар Години
Несбанебџед I Познат и како Смендес I ( Смендес ) 1069-1043
Аменемнису - 1043-1039
Псусенес I - 1039-991
Аменемоп - 993-984
Осоркон Постариот - *(Осочор) 984-978
Сиамон - 978-959
Псусенес II - 959-945

Дваесет и втора династија

уреди

Фараоните од Дваесет и втората династија биле Либијци кои владееле од околу 945 до 720 п.н.е.:

Име Коментар Години
Шошенк I Библискиот Шишак 945-924
Осоркон I - 924-889
Шошенк II - 890-890/889
Такелот I - 889-874
Харсиес Бунтовник, во Теба 875-862
Осоркон II - 874-834
Шошенк III - 834-795
Шошенк IV - 795-782
Пами - 782-776
Шошенк V - 776-740
Осоркон IV - 740-720

Дваесет и трета династија

уреди

Дваесет и третата династија била локална група, повторно од либиско потекло, сместена во Леонтополис која владеела од 836 до 720 п.н.е.:

Име Коментар Години
Такелот II Претходно се сметал за фараон од 22-рата династија. Се смета за основач на 23-та династија. 837-813
Педубаст Бунтовник - ја зазел Теба од рацете на Такелот II 826-801
Јупут I - 812-811
Шошенк VI Наследник на Педубаст 801-795
Осоркон III Син на Такелот II - ја вратил Теба, а потоа се прогласил за крал. 795-767
Такелот III - 773-765
Рудамун - 765-762
Јупут II - 762-728

Либујци

уреди

Либујците не се сметаат за династија. Тие биле уште една група на западни номади (Либијци) кои живееле на територијата на западното устие од 805 до 732 п.н.е..

Име Коментар Години
Инамонифнебу - 805-795
? - 795-780
Ниуматепед - 780-755
Титару - 763-755
Кер - 755-750
Рудамон - 750-745
Анхор - 745-736
Тефнахт - 736-732

Дваесет и четврта династија

уреди

Дваесет и четвртата династија била краткотрајна соперничка династија од западното устие (Саис), со само два фараона кои владееле од 732 до 720 п.н.е..

Име Коментар Години
Тефнахт - 732-725
Бакенренеф (Бокорис) - 725-720

Доцен период

уреди

Доцниот Период се протега од 732 п.н.е. до моментот кога Египет станал римска провинција во 30 п.н.е.. Во него спаѓаат периодите во кои владееле Нубијците, Персијците и Македонците.

Дваесет и петта династија

уреди

Нубијците извршиле инвазија на Египет во 732 п.н.е. и го зазеле престолот, воспоставувајќи ја Дваесет и петтата династија која владеела сѐ до 656 п.н.е..

Име Коментар Години
Пије Крал на Нубија; го освоил Египет во 20-тата година од своето владеење, и владеел барем 24 години, а можеби 30 или повеќе. 752-721
Шабака - 721-707
Шебитку Синхронизам со кралот на Асирија Саргон II ни дава датум на крунисување 707/706 п.н.е. 707-690
Тахарка - 690-664
Тантамани умрел 653 664-656

Овие на крајот биле потиснати назад во Нубија, каде создале кралство во Напата (656-590), и подоцна, во Мерое (590 п.н.е. - 4 век н.е.)

Дваесет и шеста династија

уреди

Дваесет и шестата династија владеела од околу 672 до 525 п.н.е..

Име Коментар Години
Нехо I - 672664 п.н.е.
Псаметих I - 664610 п.н.е.
Нехо II - 610595 п.н.е.
Псаметих II - 595589 п.н.е.
Априис / Уахибр - 589570 п.н.е.
Амазис II - 570526 п.н.е.
Псаметих III - 526525 п.н.е.

Дваесет и седма династија

уреди

Во 525 п.н.е. Персиската империја го освојува Египет и така тој станува дел од нивното царство сѐ до 404 п.н.е.. Ахеменидските шахови во ова доба биле признавани за фараони, така сочинувајќи ја „Дваесет и седмата“ династија:

Име Коментар Години
Камбиз II - 525521 п.н.е.
Бардија Узурпаторот - 522521 п.н.е.
Дариј I Велики - 521486 п.н.е.
Ксеркс I Велики - 486465 п.н.е.
Артабан Хирканецот - 465464 п.н.е.
Артаксеркс I Долгоракиот - 464424 п.н.е.
Ксеркс II претендент 424423 п.н.е.
Зогдијан претендент 424423 п.н.е.
Дариј II 424404 п.н.е.

Дваесет и осма династија

уреди

Дваесет и осмата династија траела само 6 години, од 404 до 398 п.н.е., со само еден фараон:

Име Коментар Години
Амиртеј Потомок на Саитските фараони од Дваесет и шестата династија; водач на успешна буна против Персијците. 404398 п.н.е.

Дваесет и деветта династија

уреди

Дваесет и деветтата династија владеела од 398 до 380 п.н.е.:

Име Коментар Години
Нефааруд I Познат и како Неферит 398393 п.н.е.
Псамут - 393 п.н.е.
Aкор (Ахорис) - 393380 п.н.е.
Нефааруд II - 380 п.н.е.

Триесетта династија

уреди

Триесеттата династија владеела од 380, па сѐ додека Египет повторно не потпаднал под персиска власт во 343 п.н.е.:

Име Коментар Години
Нектанеб I Познат и како Нехтнебеф 380362 п.н.е.
Тахос - 362360 п.н.е.
Нектанеб II - 360343 п.н.е.

Триесет и прва династија

уреди

Египет повторно потпаднал под Ахеменидска Персија. По обичајот на Манетон, персиските владетели од 343 до 332 п.н.е. понекогаш се нарекуваат Триесет и прва династија:

Име Коментар Години
Артаксеркс III Египет потпаѓа под периска власт по вторпат 343338 п.н.е.
Артаксеркс IV Владеел само со Долен Египет 338336 п.н.е.
Хабабаш Водач на нубијската буна во Горен Египет 338335 п.н.е.
Дариј III Горен Египет вратен под персиска власт во 335 п.н.е. 336332 п.н.е.

Аргеади

уреди

Македонците под водство на Александар Македонски го започнале т.н. „Македонски период“ (некаде нарекуван „Еленски период“) со освојувањето на Персија и Египет. Аргеадите владееле од 332 до 309 п.н.е.:

Име Коментар Години
Александар III Македонски Македонија ги освојува Персија и Египет 332323 п.н.е.
Филип III Аридеј слабоумен полубрат на Александар III Македонски 323317 п.н.е.
Александар IV Син на Александар III Македонски и Роксана 317309 п.н.е.

Птолемаиди

уреди

Втората Македонска династија, Птолемаиди владеела со Египет од 305 п.н.е., до потпаѓањето на Египет под римска власт во 30 п.н.е. (годините се преклопуват, каде што имало двојно владеење):

Име Коментар Години
Птоломеј I Сотир Абдицирал во 285 п.н.е.; умрел во 283 п.н.е. 305285 п.н.е.
Береника I Жена на Птоломеј I ?-285 п.н.е.
Птоломеј II Филаделф - 288246 п.н.е.
Арсиноја I Жена на Птоломеј II 284/81 -о. 274 п.н.е.
Арсиноја II Жена на Птоломеј II 277-270 п.н.е.
Птоломеј III Евергет I - 246222 п.н.е.
Берника II Жена на Птоломеј III 244/3-222 п.н.е.
Птоломеј IV Филопатор - 222204 п.н.е.
Арсиноја III Жена на Птоломеј IV 220-204 п.н.е.
Птоломеј V Епифан Востание во цел Горен Египет 207186 п.н.е. 204180 п.н.е.
Клеопатра I Жена на Птоломеј V, корегент со Птоломеј VI за време на неговото малолетство 193-176 п.н.е.
Птоломеј VI Филометор Умрел 145 п.н.е. 180164 п.н.е.
Клеопатра II Жена на Птоломеј VI 173-164 п.н.е.
Птоломеј VIII Евергет II Прогласен за крал од страна на александријците во 170 п.н.е.; владеел заедно со Птоломеј VI Филометор и Клеопатра II од 169 до 164 п.н.е.. Умрел во 116 п.н.е. 171163 п.н.е.
Птоломеј VI Филометор Египет под власт на Птоломеј VIII 164 п.н.е.163 п.н.е.; Птоломеј VI бил одново назначен во 163 п.н.е. 163-145 п.н.е.
Клеопатра II Се омажила за Птоломеј VIII; предводела бунт против него во 131 п.н.е. и станала единствен владетел на Египет. 163-127 п.н.е.
Птоломеј VII Неос Филопатор Прогласен за заеднички владетел со и од страна на неговиот татко; подоцна бил регент за мајка му Клеопатра II 144-145 п.н.е.
Проломеј VIII Евергет II Вратен на престолот 145-131 п.н.е.
Клеопатра III Втора жена на Птоломеј VIII 142-131 п.н.е.
Птоломеј Мемфитис Прогласен за крал од страна на Клеопатра II; набргу бил убиен од Птоломеј VIII 131 п.н.е.
Птоломеј VIII Евергет II Вратен на престолот 127-116 п.н.е.
Клеопатра III Повторно назначена со Птоломеј VIII; подоцна корегент со Птоломеј IX и X. 127-107 п.н.е.
Клеопатра II Се помирила со Птоломеј VIII; владеела заедно со Клеопатра III и Птоломеј сѐ до 116 година. 124-116 п.н.е.
Птоломеј IX Сотер II Умрел 80 п.н.е. 116110 п.н.е.
Клеопатра IV За кратко била жена на Птоломеј IX, но била истисната од Клеопатра III 116-115 п.н.е.
Птоломеј X Александар I Умрел 88 п.н.е. 110109 п.н.е.
Птоломеј IX Сотер II Вратен на престолот 109107 п.н.е.
Птоломеј X Александар I Вратен на престолот 10788 п.н.е.
Птомолеј IX Сотер II Повторно вратен на престолот 8881 п.н.е.
Берника III Присилена да се омажи за Птоломеј XI; убиена по негова наредба по 19 дена 81-80 п.н.е.
Птоломеј XI Александар II Млад син на Птоломеј X Александар; поставен од Сула; владеел 80 дена пред да биде линчуван од граѓаните заради убивањето на Берника III 80 п.н.е.
Птоломеј XII Неос Дионис (Авлет) Син на Птоломеј IX; умрел 51 п.н.е. 8058 п.н.е.
Клеопатра V Трифена Жена на Птоломеј XII, мајка на Берника IV ?-57 п.н.е.
Клеопатра VI Ќерка на Птоломеј XII ?-58 п.н.е.
Берника IV Ќерка на Птоломеј XII; присилена да се омажи со Селевк Кибиосакт, но потоа нарачала да го задават 5855 п.н.е.
Птоломеј XII Неос Дионис Вратен на престолот; владеел за кратко со неговата ќерка Клеопатра VII пред неговата смрт 5551 п.н.е.
Клеопатра VII Владеела заедно со нејзиниот татко Птоломеј XII, нејзиниот брат Птоломеј XIII, нејзиниот брат-сопруг Птоломеј XIV и нејзиниот син Птоломеј XV; позната и само како Клеопатра 5130 п.н.е.
Птоломеј XIII Брат на Клеопатра VII 5147 п.н.е.
Арсиноја IV Соперничка на Клеопатра VII 48-47 п.н.е.
Птоломеј XIV Помлад брат на Клеопатра VII и Птоломеј XIII 4744 п.н.е.
Птоломеј XV Цезарион Син на Клеопатра VII; прогласен за владетел заедно со неа на три годишна возраст 4430 п.н.е.

Клеопатра VII била во љубовна врска со римскиот диктатор Јулиј Цезар, и римскиот генерал Марко Антониј, но само по нејзината смрт во 30 п.н.е. (по поразот на Марко Антониј од страна на Август, подоцна цар Октавијан Август) Египет станал римска провинција во 30 п.н.е.. Сите понатамошни римски владетели ја носеле титулата „фараон“, но само додека се во Египет.

Наводи

уреди
  • Sir Alan Gardiner Egyptian Grammar: Being an Introduction to the Study of Hieroglyphs, Трето преработено издание. Лондон: Oxford University Press, 1964. Excursus A, стр. 71-76.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди