Десетта египетска династија
Десеттата династија на древниот Египет (династија X) често се комбинира со династиите: 7, 8, 9 и почетокот на 11-та династија под заедничко име Прв преоден период.[1]
Владетели
уредиДеветтата династија била основана во Хераклеопол, и 10-та династија продолжила таму. Во тоа време Египет не бил унифициран, и постои преклопување помеѓу овие и други локални династии. Торинскиот Канон ги набројува 18-те кралеви од оваа кралска линија, но нивните имиња се оштетени, неидентификувани или изгубени.[2]
Следниот е можен список на владетели на Десеттата династија врз основа на Торинскиот канон, бидејќи египтолозите имаат различни мислења за редоследот на наследување во двете династии. Меѓу нив со археолошките наоди несомнено се потврдуваат само Вахкаре Кети и Мерикаре:
Име | Забелешка |
---|---|
Мерихатор(?) | Не е потврдено неговото постоење, познат е само по оштетениот запис во Хатнуб |
Неферкаре VIII | Може да е исто лице со Канефере кој е споменат во гробот на номархот Анктифи |
Вахкаре Кети III | Можеби е авторот на Учењето на кралот Мерикаре |
Мерикаре | Главен противник на тебанскиот фараон Ментухотеп II |
[Изгубено име] | Краткотраен наследник на Мерикаре |
Наводи
уреди- ↑ Shaw, Ian, уред. (2000). The Oxford History of Ancient Egypt. Oxford University Press. стр. 480. ISBN 0-19-815034-2.
- ↑ Sir Alan Gardiner, Egypt of the Pharaohs, Oxford University Press, 1961, pp. 112-13.
- ↑ William C. Hayes, in The Cambridge Ancient History, vol 1, part 2, 1971 (2008), Cambridge University Press, ISBN 0-521-077915, p. 996.
„Десетта египетска династија“ на Ризницата ? |