Нармер
Нармер — египетскиот фараон кој владеел во 32 век п.н.е.[1] Се верува дека Нармер го наследил кралот Шкорпија и станал основач на Првата династија. Многу археолози веруваат дека кралот Шкорпија е иста личност како Нармер.[2]
Нармер | |
---|---|
Менес | |
Детаљ од Нармерска палета | |
Фараон на Египет | |
Владеел | околу 3150-3100 г. п.н.е., Прва династија |
Претходник | Ка'а (најверојатно), или Крал Шкорпија |
Наследник | Нор-Аха |
Сопружници | Непознато: најверојатно Неитхотеп |
Деца | Непознато: најверојатно Хор-Аха ♂ Непознато: веројатно Неитхотеп ♀ |
Закопан | Гроб B17 и B18, Ум ел Ка'аб |
Некои египтолози тврдат дека Менес и Нармер се иста личност, додека некои тврдат дека Менес е Хор-Аха и дека тој го наследил веќе обединетиот Египет од Нармер. Други тврдат дека Нармер го започнал обединувањето, а дека Менес го завршил.
Друга теорија тврди дека Нармер бил наследник на кралот кој успеал да го обедини Египет (веројатно тоа бил кралот Шкорпија). Треба да се нагласи дека постојат докази дека кралот Нармер постоел, додека Менес се споменува само на списокот на фараоните на Манетон и во легендата за фараонот наречен Менес. Списоците на кралеви кои се наоѓаат во гробниците на Ден и Ка'а го наведуваат Нармер како основач на нивната династија.
Жената на Нармер била најверојатно Неитхотеп, принцеза од северен Египет.
Прочуената палета на Нармер била откриена во 1898 година во Хиераконполис. Од една страна, таа го прикажува Нармер со бела круна, кој е наведнат да удри заробеник, што го држи богот Хор. Од друга страна, кралот и службениците најверојатно ги гледаат телата на мртви непријатели.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Wilkinson 1999, стр. 67.
- ↑ „Narmer“. Ancient History Encyclopedia. Посетено на 30 јануари 2021.(англиски)
- ↑ „Narmer Palette ancient Egyptian sculpture“. Britannica. Посетено на 30 јануари 2021.(англиски)
Надворешни врски
уредиПретходник: Кралот Шкорпија |
Египетски фараон Прва династија |
Наследник: Хор-Аха |