Нeферефре

(Пренасочено од Неферефр)

Неферефре Иси (исто така познат како Ранефереф, Ранефер и на грчки како Χέρης, Cherês) — антички египетски фараон од Петтата династија за време на периодот од Старото Кралство. Тој најверојатно бил најстариот син на фараонот Нефериркаре Какаи и кралицата Кенткаус II. Тој бил познат како принц Ранефер пред да седне на престолот.

Неферефре
Ранефереф, Неферефра, Ноуфире, Ноуфирефре, Черес
Bust of a pharaoh, holding a mace.
Статуа на Неферефре, обоен варовник[1]
Фараон на Египет
ВладеелНајверојатно две години или помалку[2] од почетокот со средина на 25 век п.н.е.[note 1], 5-та династија
ПретходникНефериркаре Какаи (најверојатно) или Шепсескаре
НаследникШепсескаре (најверојатно) или Ниусере Ини
Сопружницинајверојатно Кенткаус III
Децане е сигурноn, можеби Менкаухор Каиу илиr Шепсескаре
Нактсаре
претпоставка: Какаибаеф
ТаткоНефериркаре Какаи
МајкаКенткаус II
Починалвозраст 20–23[21]
ЗакопанПирамида на Неферефре
СпоменициПирамида Нетиерибау Ранефереф
Хран на сонцето Хотеп-Ре

Неферефре започнал да гради пирамида за себе во кралската гробница на Абусир наречена Нетјерибау Ранефереф, што значи „ба на Неферефре е божествено“. Пирамидата никогаш не била завршена, а ѕидарски натпис покажал дека работите на камената конструкција биле напуштени за време или кратко по втората година на кралот. Египетолозите го земаат ова како доказ дека Неферефре починал неочекувано по две до три години владеење. Неферефре сепак бил закопан во неговата пирамида, набрзина завршена во форма на мастаба од неговиот втор наследник и претпоставен помлад брат, фараонот Ниусере Ини. Таму биле откриени фрагменти од неговата мумија, од која се гледа дека тој починал во раните дваесетти години.

Малку е познато за активностите на Неферефре надвор од поставувањето на темелите на неговата пирамида и обидот да се заврши пирамидата на неговиот татко. Еден текст покажува дека Неферефре планирал или само што започнал да гради храм на сонцето наречен Хотеп-Ре, што значи „Ра е задоволен“ или „Трпеза за принесување на Ра“, што никогаш не функционирал како таков со оглед на краткото владеење на кралот. После неговата смрт, Неферефре можеби бил наследен од малку познатиот фараон Шепсескаре, чија врска со Неферефре останува многу неизвесна и дебатирана.

Извори

уреди

Постојат многу малку археолошки извори од времето на Неферефре, факт што сега го гледаат египтолозите, вклучително и Мирослав Вернер, што подразбира многу кратко владеење.[22] Вернер знаел само еден натпис од времето на неговото владеење. Градителите на неговата пирамида ја оставиле на аголниот блок на крајот од ходникот што води кон делови од пирамидата. [22] Натписот е напишан на четвртиот ден од сезоната Акет во годината на првото појавување на броење на стоката, настан што се состои од броење на добитокот низ целата земја за да се процени износот на даноците што треба да се наплатат. Традиционално се верува дека ваквите пребројувања се случувале на секои две години за време на Старото Кралство,[23] иако неодамнешните повторни проценки ги наведоа египетолозите на нешто почесто пребројување.[22] Затоа, натписот мора да се однесува на првата или втората година на Неферефре на престолот, а најдоцна на неговата трета година.[б 1][25] Конечно, неколку артефакти датирани од владеењето на Неферефре или кратко време потоа, биле откриени во неговиот посмртен комплекс и на други места во Абусир,[б 2] како што се глинени печати што го носат неговото Хорово име.[27]

Некои од папирусите од Абусир откриени во храмот на Кентхаус II, а се од средината до доцната Петта династија ги споменуваат посмртниотт храм и погребниот култ на Неферефре. Тие сочинуваат пишан извор скоро современ со неговото владеење, кој не само што го потврди постоењето на пирамидалниот комплекс на Неферефре во време кога тој сè уште не бил идентификуван,[28] туку исто така дава детали во врска со административната организација и важноста на погребниот култ на кралот во античко египетското општество.[28]

 
Картуш од Неферефре на Кралскиот список од Абидос

Неферефре е запишан на неколку списоци на антички египетски кралеви, сите од периодот на Новото кралство. Најраниот таков список што го споменува Неферефре е Кралскиот список од Абидос, напишан за време на владеењето на Сети I (1290–1279 п.н.е.), а неговото име е на 29-тиот ред, меѓу оние на Нефериркаре Какаи и Ниусере Ини.[29] За време на владеењето на Рамзес II (1279–1213 п.н.е.), Неферефре се појавува на Таблата од Сакара,[30] овој пат по Шепсескаре, кој е втор наследник на Нефериркаре Какаи. Името на Неферефре на овој список е погрешно запишано како „Канефере“ или „Неферкаре“.[31] Името на Неферефре, најверојатно го има и во Торинскиот канон (трета колона, 21-ви ред), што датира од истиот период со таблата од Сакара, но се наоѓа во делот што е оштетен. Како и да е, делот од должината на владеењето што му го припишува канонот на Нефереф е сè уште читлив, запишан со еден знак кој означува една година на владеење на која во принцип би можела да ѝ се додаде една деценија, доколку соодветниот знак се наоѓал на оштетениот дел од документот.[22]

Неферефре, најверојатно, се споменувал и во Египтијака, историјата на Египет напишана во 3 век п.н.е. за време на владеењето на Птоломеј II (283–246 п.н.е.) од египетскиот свештеник Манетон. Ниту еден примерок од Египтијака не преживеал до денес и сега е познат само преку подоцнежните списи на Секстус Јулиј Африканус и Евсевиј.

Мумијата на Неферефре

уреди

Фрагменти од мумиски обвивки и картони, како и расфрлани парчиња човечки остатоци, биле откриени на источната страна од погребната комора на пирамидата.[32] Остатоците биле лева рака, лева клучна коска сè уште покриена со кожа, фрагменти од кожа веројатно од челото, горниот очен капак, левото стапало и неколку коски.[31] Овие остатоци биле во истиот археолошки слој како и искршените парчиња саркофаг[32] од црвен гранит, како и она што останало од погребната опрема на кралот,[б 3] навестувајќи дека тие навистина можат да припаѓаат на Неферефре.[32] Ова дополнително се потврдило со подоцнежните студии за техниките за балсамирање што се користеле на мумијата, за кои се покажа дека се компатибилни со оние од Старото Кралство.[32]

Телото на кралот најверојатно било исушено со помош на натрон и потоа било покриено со тенок слој смола, пред да му се даде бел варовнички слој. Нема докази за отстранување на мозокот, како што се очекува од техниките на мумификација во Старото Кралство.[32] Конечна потврда за идентитетот на мумијата е дадена со радиојаглеродно датирање, што дало интервал од 2628–2393 п.н.е. за човечките остатоци во тесна врска со проценетите датуми на Петтата династија.[32] Така, Неферефре, заедно со Џедкаре Исеси, е еден од ретките фараони на Старото Кралство чија мумија е идентификувана.[32] Биоархеолошката анализа на остатоците од Неферефре открила дека кралот не учествувал во напорна работа,[32] починал во раните дваесетти години на возраст од 20 до 23 години и дека можеби бил висок 1,67 до 1, 69 метри.[32] Остатоци од второ лице биле откриени во погребната комора, но се покажало дека тие припаѓаат на индивидуа од доцниот среден век, кој најверојатно живеел во 14 век од нашата ера. Едноставно го погребале во партали и го покриле со песок.[32]

Погребен култ

уреди

Како и другите фараони од периодот на Старото Кралство, Неферефре имал корист од погребниот култ воспоставен по неговата смрт. Некои детали за овој култ преживеале во папирусите од Абусир. Се одржувал 10-дневен фестивал во чест на починатиот владетел секоја година, за време на кој, барем во една пригода, биле жртвувани не помалку од 130 бикови во кланицата од неговиот погребен храм.[28] Чинот на масовно жртвување на животните сведочи за важноста што ја имале кралските погребни култови во античкото египетско општество, а исто така покажува дека огромните земјоделски ресурси биле посветени на активност што Вернер ја проценил како непродуктивна.[28] Главните корисници на овие жртвувања биле свештениците на култот, кои ги јаделе принесените понади по завршување на церемониите.[28]

Се чини дека погребниот култ на Неферефре престанал да се извршува кон крајот на Старото Кралство или за време на Првиот среден период.[34] Трагите од можно заживување на култот за време на подоцнежното Средно кралство се малку и двосмислени. За време на Дванаесеттата династија, извесен Кујаник бил погребан во погребниот храм на Неферефре. Останува нејасно дали ова требало тесно да се поврзе со починатиот владетел или затоа што други култни активности во областа го ограничувале изборот на локација за гробот на Кујанк.[35]

Наводи

уреди
  1. Verner 1985b, стр. 272–273, pl. XLV–XLVIII.
  2. Hornung 2012, стр. 484.
  3. Verner 2001b, стр. 589.
  4. Hawass & Senussi 2008, стр. 10.
  5. Altenmüller 2001, стр. 599.
  6. El-Shahawy & Atiya 2005, стр. 61–62.
  7. Schneider 1996, стр. 261–262.
  8. Clayton 1994, стр. 60.
  9. Málek 2000a, стр. 100.
  10. Rice 1999, стр. 141.
  11. Strudwick 2005, стр. xxx.
  12. von Beckerath 1999, стр. 285.
  13. Hornung 2012, стр. 491.
  14. Strudwick 1985, стр. 3.
  15. Strouhal & Vyhnánek 2000, стр. 558.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 16,4 16,5 Leprohon 2013, стр. 39.
  17. Clayton 1994, стр. 61.
  18. 18,0 18,1 Verner 1985a, стр. 284.
  19. Verner 1985a, стр. 282–283.
  20. Scheele-Schweitzer 2007, стр. 91–94.
  21. Strouhal & Vyhnánek 2000, стр. 558 & 560.
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 Verner 2001a.
  23. Kanawati 2001.
  24. Verner 2001a, стр. 400.
  25. Verner 1999a.
  26. Verner, Callender & Strouhal 2002, стр. 91 & 95.
  27. Verner, Callender & Strouhal 2002.
  28. 28,0 28,1 28,2 28,3 28,4 Verner & Zemina 1994.
  29. Verner 2000.
  30. Mariette 1864.
  31. 31,0 31,1 Baker 2008.
  32. 32,00 32,01 32,02 32,03 32,04 32,05 32,06 32,07 32,08 32,09 Strouhal & Vyhnánek 2000.
  33. Strouhal & Vyhnánek 2000, стр. 552.
  34. Málek 2000b.
  35. Morales 2006.

Надворешни врски

уреди
    1. Proposed dates for Neferefre's reign: 2475–2474 BC,[3][4][5][6] 2460–2455 BC,[7] 2460–2453 BC,[8] 2448–2445 BC,[9][10] 2456–2445 BC,[11] 2431–2420 BC,[12] 2404 BC,[13] 2399 BC.[14] Finally, the radiocarbon dating of a skin fragment from the mummy of Neferefre has yielded the dates 2628–2393 BC.[15]
    2. Uncertain translation, might be a diminutive.[16][20]


    Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.