Долен Египет (арапски: مصر السفلى) — древна земја и регион во долниот тек на реката Нил. Се протега од денешниот Каиро до Средоземното Море и ја покрива широката делта на Нил. Узводно од Долниот Египет е Горниот Египет.

Мапа на Долен Египет
Црвената круна на Долен Египет

Преку делтата на Нил протекуваат 7 ракавци, и тука е многу богата со речни наслаги. Плодното земјиште и средоземната клима создадле растителен и животински свет што е значително различен од горниот тек на реката. Постојат пространи пасишта на кои се одгледува стока, и мочуришта богати со птици и папирус растенија. Првите жители на Долниот Египет биле номадски сточари, и живееле во овој крај уште од 3600 г.п.н.е.[1]. Поради близината на средоземните култури, трговијата тука се развила рано. Пред обединувањето на Египет, со Долните Египќани владееле странски владетели или владетелите на Горниот Египет. За време на владеењето на фараонот Нармер се случило обединувањето на Горен и Долен Египет во едно кралство.[2]

Во времето на фараоните, Долниот Египет бил поделен на 20 номи (видете ја картата). Во византиската ера оваа област се викала Аркадија, а со неа се владеело од Александрија.

Божица на Долниот Египет била Ваџет, а симболот на државата била црвена круна. Вториот симбол на Горниот Египет е растението папирус.

Наводи

уреди
  1. Carl Roebuck, The World of Ancient Times (Charles Scribner's Sons Publishing: New York, 1966) p. 51.
  2. Carl Roebuck, The World of Ancient Times (Charles Scribner's Sons Publishers: New York, 1966), p. 53.

Надворешни врски

уреди