Ранеб или Небра бил фараон за време на Втората династија на Египет. Се тврди дека со Египет владеел 39 години,[1] но таква голема бројка не може да се потврди врз основа на неколку пронајдени артефакти датирани од неговото време. Некои од книгите го нарекуваат Небра.

Стела со името на Ранеб

Неговото име доаѓа од името на богот Ра, кое понекогаш се пишувало и Ре, па неговото име значи „Син на Ра“.

Името Небра се појавува на неколку камени садови, повеќето направени од алабастер и мермер, пронајдени во Абидос, Гиза и Сакара. На сите најдени предмети неговото име е напишано заедно со имињата на неговиот претходник, Хотепсехемви или со името на неговиот наследник, Нинечер. Името Ранеб, односно Небра, никаде не е напишано самостојно.[2]

Претходник:



Хотепсехемви
Египетски фараон



Втора династија
Наследник:


Нинечер

Наводи

уреди
  1. William Gillian Waddell: Manetho (The Loeb classical Library, Volume 350). Harvard University Press, Cambridge (Mass.) 2004 (Reprint), ISBN 0-674-99385-3, page 37–41.
  2. Toby A. H. Wilkinson: Early Dynastic Egypt. Routledge, London/New York 1999, ISBN 0-415-18633-1, p. 87.