Втора египетска династија

Втората династија на древниот Египет (или Династија II, околу 2890 – околу 2686[1]) е последната од двете династии на египетскиот архаичен период, кога седиштето на владата било центрирано во Тинис. Оваа династија е позната по својот последен владетел, Касехемуи, и е една од најнејасните периоди во египетската историја.

Иако археолошките наоди за тој период се многу оскудни, контрастните податоци од Првата и Третата династија укажуваат на важни институционални и економски случувања за време на Втората династија.[2][3]

Владетели

уреди

За првите пет фараони, изворите се прилично слични:

Име Години на владеење
Хотепсехемви 38
Небра (можеби идентификуван со Венег)[4] 10-14
Нинечер 40
Сенеџ (можеби идентификуван со Хор Са[5]) 20

Идентитетот на следните два или три владетели е нејасен. Пронајдените извори го содржат името Хор или името Небти и родените имиња на овие владетели. Тие исто така може да бидат сосема различни поединци, или би можеле да бидат легендарни имиња. Ова можеби никогаш нема да се реши.

Списокот на владетели на Манетон е во судир со оние што обично ги даваат египтолозите:

Современ консензус Список на Манетон
Сет-Перибсен Каирес
Неферхер
Секемиб-Перенмаат Сесохрис

За последниот владетел, изворите се согласуваат:

Име Години на владеење
Хасехемви 17 – 18

Манетон вели дека Тинис бил главен град, како и во Првата династија. Но, првите три кралеви биле погребани во Сакара, сугерирајќи дека центарот на моќта се преселил во Мемфис. Покрај ова, малку може да се каже за настаните од овој период, бидејќи годишната евиденција на Каменот од Палермо постои само до крајот на владеењето на Небра и за делови од владеењето на Нинечер. Многумина египтолози го прочитале името на последниот фараон како Хасехемви, „Две сили се јавуваат“, со што можеби се одбележува сојузот на Горниот и Долниот Египет.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Shaw, Ian, уред. (2000). The Oxford History of Ancient Egypt. Oxford University Press. стр. 480. ISBN 0-19-815034-2.
  2. Romer, John (2013) [2012]. A History of Ancient Egypt. Chapter 18 — The Lost Dynasty. Volume 1. London, ENG: Penguin Books. стр. 221–22. ISBN 978-1-8-4614377-9. Whatever else was taking place at the court of the Second Dynasty of kings, it is clear that the fundamental institutions of pharaonic government, its systems of supply, not only survived throughout that century and a half, but flourished to the extent that, when the kings emerge into the light of history again with the pyramid builders of the Third Dynasty, the state on the lower Nile was more efficient than it had ever been: that there was, therefore, strong institutional continuity.
  3. Bard, Kathryn A. (2002) [2000]. Shaw, Ian (уред.). The Oxford History of Ancient Egypt. Chapter 4 — The Emergence of the Egyptian State (paperback) (1. изд.). Oxford: Oxford University Press. стр. 85. ISBN 978-0-19-280293-4. There is much less evidence for the kings of the 2nd Dynasty than those of the 1st Dynasty until the last two reigns (Peribsen and Khasekhemwy). Given what is known about the early Old Kingdom in the 3rd Dynasty, the 2nd Dynasty must have been a time when the economic and political foundations were put in place for the strongly centralized state, which developed with truly vast resources. Such a major transition, however, cannot be demonstrated from the archaeological evidence for the 2nd Dynasty.
  4. Kahl, Jochem (2007), „Ra is my Lord“, Searching for the Rise of the Sun God at the Dawn of Egyptian History, Wiesbaden.
  5. Von der Way, Thomas (1997), „Zur Datierung des "Labyrinth-Gebäudes" auf dem Tell el-Fara'in (Buto)“, Göttinger Miszellen, 157: 107–11.