Неферкамин Ануфараон на Стариот Египет за време на првиот преоден период. Според Кралскиот список од Абидос и последната реконструкција на Торинскиот канон, направена од страна на Ким Рајхолт, тој бил 13-тиот крал на Осмата династија.[3] Ова мислење го делат египтолозите Јирген фон Бекерат, Томас Шнајдер и Дарел Бејкер.[4][5][6] Како фараон од осмата династија, Неферкамин Ану владеел над регионот Мемфит.

Неферкамин Ану
Снеферка Ану, Снеферка Ани, Нефер, Нуфе
Картуш на Неферамин Ану од Кралски список од Абидос што се чита Снеферка Ану.
Фараон на Египет
Владеелоколу 2170 г. п.н.е., Осма династија
ПретходникНеферкаре Пеписенеб
НаследникКакаре Иби

Потврди

уреди

Неферкамин Ану се споменува во делот 52 од Кралскиот список од Абидос, кој бил составен во раниот период на Деветнаесеттата династија. Списокот го наведува неговиот претходник како Неферкаре Пеписенеб и неговиот наследник како Какаре Иби. Торинскиот канон го идентификува Неферкамин Ану со Нефер, споменат во колона 4, линија 10 од документот, кој е во согласност со кралскиот список од Абидос.[3][6] Секој детаљ за владеењето на Неферкамин Ану е изгубен во лакуна од Торинскиот канон.

Името на овој фараон е транслитерирано како Неферкамин Ану, иако е пријавено како Снеферка Ану на Кралскиот список од Абидос. Причината за оваа транслитерација е дека хиероглифскиот знак O34, што се чита s, би можел да го замени знакот R22 за богот Мин и да се чита Mn.[6]

Наводи

уреди
  1. Alan H. Gardiner: The royal canon of Turin, Griffith Institute, New edition, ISBN 978-0900416484
  2. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-11-22. Посетено на 2012-04-30. Neferkamin II
  3. 3,0 3,1 Kim Ryholt: "The Late Old Kingdom in the Turin King-list and the Identity of Nitocris", Zeitschrift für ägyptische, 127, 2000
  4. Jürgen von Beckerath: Handbuch der ägyptischen Königsnamen. Deutscher Kunstverlag, München/ Berlin 1984, ISBN 3-422-00832-2, p. 59, 187.
  5. Thomas Schneider: Lexikon der Pharaonen. Albatros, Düsseldorf 2002, ISBN 3-491-96053-3, p. 174.
  6. 6,0 6,1 6,2 Darrell D. Baker: The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I - Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300–1069 BC, Stacey International, ISBN 978-1-905299-37-9, 2008, p. 263-264