Ири-Хор
Ири-Хор или Ро (според Петри) бил прадинастички фараон на Стариот Египет, иако некои археолози го ставаат под прашање неговото постоење. Најверојатно тој бил директниот претходник на Ка. Владеел со Абидос и бил погребан во локалните гробишта во Ум ел-Каб блозу Ка, Нармер и кралевите од Прватга династија.
Аргументот против неговото постоење се заснова на нердостигот на серех пред неговото име како и слабото присуство на сведоштва. Единствениот друг напис за Ири-Хор вон Абидос се наоѓа во Долен Египет додека Ка и Нармер имаат многу написи дури и во Палестина. Тоби Вилкинсон вели дека гробницата е впрочем само остава, а името е ризничарска ознака.
Тие кои ја поддржуваат тезата за неговото постоење укажуваат на големината и локацијата на гробницата. Ова е двојна горбница голема колку и таа на Ка и Нармер која се наоѓа во секвенцијален ред, поврзувајќи ги постарите гробишта во облик на буквата „U“ со гробниците од Првата династија. Името е испишано на големо грне како кај другите фараони и на него има кралски Хоров сокол. Серехот била традиција која започнала со Ка.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Династија 0 (англиски)
- Крал Ири-Хор (англиски)