Амиртеј (умрел 399. п.н.е.) бил египетски фараон, основоположник и единствен владител на Дваесетосматата египетска династија.

Владеење уреди

Во 525. п.н.е. ахеменидскиот цар Камбиз го освоил Египет прогонувајќи го Псамтик III, последниот владетел на Дваесетшестата династија (Саиска династија). Се верува дека Амиртеј бил во далечно сродство со фараоните на дваесетшестатата египетска династија. Тој во 404. година п.н.е. подигнал успешно востание против персиската власт. Персијците биле протерани од Египет. Поради тоа Манетон го сврстил Амиртеј во посебна династија. Владеел до 399. година кога во една битка бил поразен од Неферит I. Амиртеј бил погубен, а победникот основал нова, дваесетдевета египетска династија.

Поврзано уреди

Литература уреди

  • Курт, Амели (2012). Стари исток. Београд: Завод за уџбенике и наставна средства. ISBN 978-8617180872.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Авдијев, В. И. (1952). Историја старог истока. Београд: Научна књига.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Историја старог века 1 - др Момир Јовић, Пергамент, Приштина 1995. година