Априис
Априис (старогрчки: Ἁπρίης) ― името со кое Херодот (161) и Диодор (68) ги означуваат Уаибре/Ваибре Aаибре, фараон на Египет (589 п.н.е.) – 570 п.н.е.), четвртиот крал (сметано од Псаметих I) од дваесет и шестата египетска династија.[2] Тој бил изедначуван со Уафрес/Вафрес Манетонски, кој правилно запишува дека владеел 19 години. Априис е нарекуван Офра во Еремија 44:30 (хебрејски: חָפְרַע, современ: Ḥofra', тиберски: H̱op̄ra'; старогрчки: Ουαφρη[ς], кирилично: Уафри(с))[3]
Априис | |
---|---|
Вахибр / Уахибр | |
Глава на Априес, Лувр | |
Фараон на Египет | |
Владеел | 589–570 п.н.е., 26. династија |
Претходник | Псаметих II |
Наследник | Амазис II |
Деца | Чедебнитџербоне II |
Мајка | Тахуит |
Починал | 567 п.н.е. |
Априис го наследил престолот од неговиот татко, фараонот Псаметих II, во февруари 589 година п.н.е. и неговото владеење ја продолжило историјата на странските интриги на татко му во јудејските работи.[1] Априис бил активен градежник кој конструирал „додатоци во храмовите во Атрибис (Тел Атриб), Оаза Бахарија, Мемфис и Саис“.[4] Во четвртата година од неговото владеење, Априисовата сестра Анхнеснеферибре била воздигната како новата божја сопруга на Амон во Теба.[4] Сепак, владеењето на Априис било исто така полно со внатрешни проблеми. Во 588 година п.н.е., Априис испратил бојска во Ерусалим за да го заштити од вавилонските сили испратени од Навуходонозор II (Eремија. 37: 5; 34:21). Неговите сили брзо се повлекле, очигледно избегнувајќи голем судир со Вавилонците.[5] Ерусалим, по 18-месечна опсада, бил уништен од Вавилонците или во 587 година п.н.е. или во 586 година п.н.е. После неуспешниот обид на Априис да интервенира во политиката на Јудејското Кралство, следувал бунт на војници од стратешки важниот асуански гарнизон.[1][5]
Додека буната била задржана, Априис подоцна се обидел да ја заштити Либија од упадите на дорско-грчките напаѓачи, но неговите напори биле возвратено спектакуларно, бидејќи неговите сили биле разбиени од грчките напаѓачи.[1] Кога поразената војска се вратила дома, во египетската војска започнала граѓанска војна меѓу домородните трупи и странските платеници. Египќаните му ја дале својата поддршка на Амазис II, генерал кој ги водел египетските сили во многу успешната инвазија на Нубија во 592 година п.н.е. под водство на фараонот Псаметих II, таткото на Априис.[1] Амазис брзо се прогласил за фараон во 570 година п.н.е., а Априeс избегал од Египет и побараl засолниште во странска земја. Кога Априис се вратил во Египет во 567 година п.н.е. со помош на вавилонска војска за да го поврати престолот на Египет, тој најверојатно бил убиен во битка со силите на Амазис.[4][6] Алтернативно, Херодот (Истории 2.169) смета дека Априис ја преживеал битката и бил заробен и чуван добро од победоносниот Амазис, сè додека египетскиот народ не побарал правда против него, при што тој бил ставен во нивни раце и задавен до смрт.[7] Така, Амазис го обезбедил своето кралство над Египет и тогаш бил негов неприкосновен владетел.
Амазис, сепак, наводно, со почит ги третирал смртните остатоци на Априис и ги набљудувал правилните погребни обреди така што телото на Априис било однесено во Саис и го закопале таму со „целосни воени почести“.[4] Амазис, поранешниот генерал кој се прогласил за фараон, исто така се оженил со ќерката на Априис, Чедебнитџербоне II, за да го легитимира неговото доаѓање на власт. Додека Херодот тврдел дека сопругата на Априис се викала Нитетис (Νιτῆτις на грчки јазик), „не постојат современи наведувања што ја именуваат“ во египетските записи.
Евсевиј го датирал затемнувањето на Талес во 585 година п.н.е., во осмата или дванаесеттата година од владеењето на Априис.
Споменици
уредиОбелиск, кој Априис го подигнал во Саис, бил преместен од римскиот цар Диоклецијан во 3 век н.е. и првично бил сместен во Храмот на Изида во Рим. Денес се наоѓа пред црквата-базилика Света Марија сопра Минерва во Рим.
-
Сфингата на фараонот Априис, од збирката на грофот Кајлус, сега во музејот Лувр.
-
Глава на статуата на Априис.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Clayton, Peter A. (2006). Chronicle of the Pharaohs: The Reign-by-Reign Record of the Rulers and Dynasties of Ancient Egypt (Paperback. изд.). Thames & Hudson. стр. 195–197. ISBN 0-500-28628-0.
- ↑ Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help) - ↑ Cf. Theis, Christoffer (2011). „Sollte Re sich schämen? Eine subliminale Bedeutung von עפרח in Jeremia 44,30“. Ugarit-Forschungen (германски). 42: 677–691. ISSN 0342-2356 for the writing of this particular name.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Shaw, Ian; Nicholson, Paul (1995). The Dictionary of Ancient Egypt. Harry N. Abrams. стр. 36–37. ISBN 0-8109-3225-3.
- ↑ 5,0 5,1 Miller, J. Maxwell; Hayes, John H. (1986). A History of Ancient Israel and Judah (Hardback. изд.). Westminster Press. стр. 414. ISBN 0-664-21262-X.
- ↑ Wahibre
- ↑ Herodotus, Histories, Book II, Chapter 169