Какаре Иби

(Пренасочено од Какар Иби)

Какаре Иби бил староегипетски фараон за време на раниот Прв среден период (2181–2055 п.н.е.) и 14-ти владетел на Осмата династија.[2] Седиштето на моќта на Какаре Иби бил градот Мемфис[3] и тој веројатно немал власт над целиот Египет. Какаре Иби е еден од најдобро потврдените фараони на Осмата династија поради откривањето на неговата мала пирамида во јужна Сакара.

Какаре Иби
Аба, Иби, Какаре, Какауре, Каикаре, Какауре
Картуш на Какаре Иби на Кралскиот список од Абидос.
Фараон на Египет
Владеел2 години 1 месец и 1 ден,[1][2] околу 2170 г.п.н.е., Осма династија
ПретходникНеферкамин Ану
НаследникНеферкауре II
ЗакопанПирамида на Иби 29°50′30″N 31°13′4″E / 29.84167° СГШ; 31.21778° ИГД / 29.84167; 31.21778

Потврди уреди

Какаре Иби е потврден на 53-от влез во кралскиот списокот од Абдос, кој бил создаден околу 900 години по Првиот среден период, за време на владеењето на Сети I.[2][4] Според Ким Рихолт последната реконструкција на Торинскиот канон, Какаре Иби е потврден исто така, во колона 5, алинеја 10 (според Гардинер 4.11, според фон Бекерат 4.10). Торинскиот канон понатаму укажува на тоа дека тој владеел „2 години, 1 месец и 1 ден“. Единствената друга потврда за Какаре Иби е неговата пирамида војужна Сакара.

Пирамидален комплекс уреди

Какаре Иби бил погребан во мала пирамида кај Сакара. Тоа било откриено од Карл Ричард Лепсиус во 19 век, кој го наведе како број XL во неговиот пионерски список на пирамиди.[5] Пирамидата била ископана од 1929 до 1931 година од страна на Густав Џекиер.[6]

Пирамидата на Иби е последната изградена во Сакара, сместена североисточно од гробницата на Шепсескаф и во близина на патеката на пирамидата на Пепи II. Планот, димензиите и украсите се многу слични на пирамидите на кралиците на Пепи II, последниот голем фараон на Старото Кралство. Како резултат, било предложено дека пирамидата првично е на Анкнеспепи IV ( ˁnḫ-n = s ppj, „Пепи живее за неа“) сопруга на Пепи II, а дури подоцна ја припишале на Иби.[7] Во непосредна близина на пирамидата се наоѓа мала капела во која се случил погребниот култ. До денес не се пронајдени траги од патека, ниту од долинскиот храм и веројатно никогаш немало.

 
Пирамидален комплекс на Какаре Иби, Сакара.

Пирамидата уреди

Пирамидата на Иби не е ориентирана кон некоја кардинална точка, а се наоѓа на оската северозапад-југоисток. Зградата била околу 31,5 метри, и 21 метар висока, со наклон од 53°7′ за време на нејзината конструкција.[2] Јадрото на пирамидата е изградено од варовнички блокови од локално потекло, од кои повеќето сега ги нема, веројатно повторно користени во подоцнежни градби. Како резултат на тоа, споменикот денес е 3 метри голема грамада од кал и варовник во песоците на Сакара. На некои од преостанатите блокови, пронајдени се натписи со црвено мастило во кои се споменува еден началник на Либијците, чие значење е нејасно. Се чини дека и покрај тоа што билеа поставени темелите на надворешната обвивка на пирамидата, самата обвивка никогаш не била поставена.

Внатрешни структури уреди

На северната страна од зградата, Џекиер нашол 8 метри долг коридор од варовник, што води надолу со наклон од 25° до голем гранитен портукалис.[2][6] Зад овој портукалис се наоѓал гробот на кралот. И на ходникот и на sидовите на погребната комора билае испишана последната позната инстанца на пирамидалните текстови. Текстовите се чини дека биле директно испишани за Иби, наместо присвоени од него. Џекиер го оценил квалитетот на натписите како „многу просечен“. Таванот на погребната комора бил рамен и украсен со sвезди. Веројатно е направен од единечен пет метарски блок од варовник, кој сега недостасува. Денес голем блок од бетон ја штити комората.

На западната страна од погребната комора има лажна врата и огромен блок од гранит на кој некогаш стоел саркофагот на кралот. На источната страна има сердаб за статуата на Ка на починатиот.

Капела уреди

Во непосредна близина на источната страна на пирамидата се наоѓа мала капела од кал, која служела како храм за култот на мртвиот крал.[2] Влезот на капелата се наоѓа на нејзината северна страна. Во внатрешноста на храмот, непосредно спроти ѕидот на пирамидата, се наоѓа сала за дарови каде Џекиер пронашол камен мијалник, како и штица или лажна врата од која останале само темелите. Таму се откриени и послужавник со алабастер и алатки од обсидијан.

На јужниот дел од капелата има магацински простории.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Kim Ryholt: The Late Old Kingdom in the Turin King-list and the Identity of Nitocris, Zeitschrift für ägyptische, 127, 2000, p. 99
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Darrell D. Baker: The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I - Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300–1069 BC, Stacey International, ISBN 978-1-905299-37-9, 2008, p. 302 Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „encyclo“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  3. Ian Shaw: The Oxford History of Ancient Egypt, p.107, ISBN 978-0192804587
  4. Jürgen von Beckerath: The Date of the End of the Old Kingdom of Egypt, JNES 21 (1962)
  5. Karl Richard Lepsius: Denkmäler aus Aegypten und Aethiopien, available online.
  6. 6,0 6,1 Gustave Jéquier, La pyramide d'Aba, 1935
  7. Rainer Stadelmann: The Egyptian pyramids. From brick to the wonders of the world. 3rd edition of Saverne, Mainz, 1997, ISBN 3-8053-1142-7, pp. 203-204.

Литература уреди

  • Марк Ленер.Тајната на пирамидите во Египет, Орбис, Минхен 1999 година,ISBN 3-572-01039-X, стр. 164
  • Кристофер Теис: Пирамидите на првиот среден период. По филолошки и археолошки извори (= студии за античка египетска култура. Том 39, 2010 година). стр. 321–339.
  • Мирослав Вернер.Книги за универзумот „Пирамиди“, 1998 година, ISBN 3-499-60890-1, стр. 415–416.